Мртов пијан поминал часови со полицијата и спасувачите во потрага по себе, но никој – дури ни тој – не забележал дека е таму!?!

Овој вистински настан лесно би можел да се класифицира во категоријата „Верувале или не“, бидејќи главниот лик, инаку пијан мортус, се барал, како што се испостави, себе со спасувачите!?

Бејхан Мутлу, кој беше прогласен за исчезнат, случајно се вклучи во потрагата по себе. 50-годишникот поминал часови во потрага по себе со турската полиција и група луѓе пред да сфати дека сите тие всушност го бараат него.

Бејхан Мутлу бил надвор и пиел со пријателите, по што залутал во блиската шума и повеќе не се вратил.

Загрижени за него, неговите пријатели го пријавиле во полиција како исчезнат и набрзо била организирана потрага.

Кога беше прогласен за исчезнат, надлежните органи ја проширија потрагата и во околните населени места, а во акцијата се вклучија и група доброволци.

Со часови го извикуваа неговото име кога одеднаш некој проговори.

„Кого бараме? „Тука сум“, рекол Бејхан, кој наводно бил под дејство на алкохол.

Не е јасно како мажот завршил меѓу луѓето кои трагаат по него, ниту како неговите пријатели не сфатиле дека тој цело време бил со нив.

Накратко, овој 50-годишен маж поминал часови во потрага по себе, претпоставувајќи дека потрагата е организирана за некој друг.