Му го скршија носот, па ја одложи свадбата со кукла: Но не се откажува од неа
Бодибилдерот ветил дека нема да се откаже од венчавката со секс куклата откако мораше да ја одложи церемонијата затоа што беше нападнат на улица затоа што беше облечен како жена.
Јури Толошко од Казахстан повеќе од една година живее со секс кукла, која ја именуваше Марго и за која рече дека ја запросил на крајот на 2019 година.
Толошко се однесува со Марго како вистинска жена и вели дека ја запознал во ноќен клуб. Тие требаше да се венчаат во март, но тогаш започна пандемијата, а Јури сега раскажува за Дејли Стар како ја одложил церемонијата по втор пат, откако бил нападнат за време на трансродовиот собир во казахстанскиот град Алмати на 31 октомври.
Откако се облекол како жена за настанот, бил нападнат и добил потрес на мозокот и му бил скршен носот, за тоа ги информирал своите повеќе од 40.000 следбеници на Инстаграм. Тој вели дека започнал да користи женски алишта за настапи пред неколку месеци и дека неговиот лик го нарекол Аманда.
Тој вели дека на мирниот протест сакал да ги поддржи правата на трансродовите лица, но бил претепан. "Сега се чувствувам добро. И свадбата ќе биде наскоро", рече тој.
Јури се идентификува како пансексуалец и вели дека може да се за заљуби во „ликот, сликата, душата или самата личност“. Тој вели дека неговата љубовна приказна со Марго го возбудува повеќе отколку самиот секс.
"Сакам да ме мачат, можам да издржам многу болка. Исто така, сакам да доминирам. Марго е способна за она за што другите луѓе не се способни", рече тој за својата кукла.
Според претходните извештаи на локалните медиуми, неговиот брак со Марго е можен. Единствениот услов за венчавка во Казахстан е двете страни да се согласат, и мажот и жената да се постари од 18 години.
Јуриј исто така вели дека има намера да купи дом по венчавката, а претходно откри како ја однел Марго кај пластичен хирург. „Кога ја претставив нејзината фотографија пред светот, имаше многу критики и таа започна да развива комплекс, па затоа се одлучивме за пластична хирургија“, објасни тој.
"Таа многу се смени. Отпрвин ми беше тешко да прифатам, но подоцна се навикнав".
„Тоа беше вистинска клиника со вистински лекари.“
извор: srbijadanas.com