Му пропадна политичката кариера: Судот во Охајо ја одби кандидатурата за претседател на Канје Вест

Ким и понатаму не се огласува по овој повод...

Кандидатурата на раперот Канје Вест за американските претседателски избори во ноември не е прифатена во Охајо, одлучи Врховниот суд на таа сојузна држава.

Со едногласна пресуда, судот утврди дека републичкиот државен секретар Френк Лароуз, постапил во согласност со законот кога ги отфрлил скоро 15.000 потписи и други документи доставени од раперот.

Лароуз како причина ги навел недоследните информации во документите за собирање потписи.

Адвокатите на компанијата на Вест во Охајо напишаа жалба, тврдејќи дека должноста на Лароуз е да прифати било чија кандидатура за независен кандидат, се додека нема жалба на таа пријава и доколку не се крши законот на Охајо.