Му умрела сопругата, ја закопал во целосен очај: По две недели на вратата се појавила бесна како рис, а тој се онесветил на прагот

По 15 дена некој му заѕвонил на врата. Кога отворил, паднал преку прагот како некој да го удрил...
Она што го доживеа Индиецот Мутијал Гадаја секако може да се окарактеризира како еден од најбизарните случаи во светот.
Имено, во 2021 година, за време на пандемијата на коронавирус, неговата сопруга Гиријаме, која тогаш имала 70 години, се заразила со Ковид и била хоспитализирана поради нејзината тешка состојба. Бидејќи посетите не биле дозволени поради пандемијата, неколку дена подоцна од болницата бил известен дека неговата сопруга починала и дека може да дојде и да го земе нејзиното тело.
Во очај, Мутијал отишол во болница и го земал телото на неговата сопруга, кое го закопал во нивното родно село, по нејзина желба. Бидејќи за време на пандемијата на коронавирус било строго забрането да се отвораат ковчезите, несреќниот вдовец верувал дека неговата сопруга навистина била во ковчегот.
Но, тоа не било крајот на неговата несреќа штом ја погребал сопругата, пристигнала веста дека и неговиот син Рамеш (35) починал, исто така од последиците на Ковид во болницата Камам. Очајниот Мутијал организирал комеморација за сопругата и синот.
- Цело време плачеше, не знаевме како да го утешиме. За кратко време ги загуби сопругата и синот, беше сосема сам - рекол братучедот на Мутијал, а пренесува Мирор.
Меѓутоа, по 15 дена некој му заѕвонил на вратата. Кога ја отворил, паднал преку прагот како некој да го удрил. На вратата стоела неговата сопруга, за која мислел дека е мртва и која ја закопал откако починала како последица на Ковид. Била бесна како рис, а Мутијал подоцна рече дека за малку ќе доживеал мозочен удар кога ја видел на вратата.
Гиријама пристигнала дома лута бидејќи нејзиниот сопруг не дошол да ја земе откако била отпуштена од болница. Бидејќи немала пари во себе, морала да позајми од непознат маж за да плати такси до дома. Се испоставило дека болницата направила грешка поради огромната гужва и кризата предизвикана од пандемијата. Не само што несреќниот маж погрешно бил известен дека неговата сопруга починала, туку му дале и тело на друга жена, кое го закопал како да е негово.
Полицијата покренала истрага во болницата, од каде тврделе дека вакво нешто досега не им се случило. Не се познати резултатите од истрагата, ниту што се случило со телото на жената која била погребана на местото на неговата сопруга.
Извор: Kurir.rsФото: Freepik.com