Муцунски: Џастин Трудо ми помогна прв пат да влезам во дискотека како средношколец

Тимчо Муцунски,градоначалникот на Аеродром, како гостин во утринската програма на „Сител“ рече дека како средношколец во Канада имал помош од актуелниот канадски премиер Џастин Трудо да влезе во дискотека.

- Четири години учев средно во Канадаи заедно со сестрата на Џастин Трудо. Со Алиша(Кемпер) се дружев и учевме во ист клас,кој беше доста мал и се уште сме во контакт.

Трудо тогаш беше заменски наставник во училишта и менаџер во Отава на ноќни клубови. Тогаш ние стапивме во комуникација со него и тој беше првиот што не внесе во дискортека. Џасти ни помогна за прв пат да влеземе во дискотека,рече Муцунски.

Градоначалникот на Аеродром додаде декана факултет се запишал на 16 години, адипломирал на 19 пред да стане доцент на Правниот факултет.

Како Аеродромец, вели дека за викенд често носи тренерки и спортски патики.