Муслиман обнови православна црква: Сега ќе ги обнови и православните гробишта
Добриот глас надалеку се слуша. Така и во медиумите ширум светот заврши приказната за Месуд Керановиќ од селото Осредак кај Чазин во Босна и Херцеговина
Месуд, кој е од исламска вероисповед, неодамна ја обновил српската православна црква во своето село. И тој не сака да застане тука!
Керановиќ сега започна нов потфат - реши да ги уреди и православните гробишта во Осредек, стари околу 300 години. Во селото Осредак пред војната живееле Бошњаци и Срби.
Со текот на времето, сите жители од српска националност беа раселени. Зад себе ги оставија црквата и гробиштата кои со години пропаѓаат и беа во сѐ полоша состојба.
Во последните години црквата и гробиштата се реновирани и одржувани од муслиманското семејство Керановиќ. Месуд, неговата сопруга и синовите го искористија секој слободен момент во изминатите години за да ја обноват црквата.
Во моментот кога започна реконструкцијата, црквата беше на работ на уривање, се сеќава Месуд. Напукнатите ѕидови на старата црква набрзо целосно испукале и речиси се распарчиле. Сега, сепак, ситуацијата е значително поинаква.
- Јас живеам овде повеќе од 40 години и моите пријатели, пред сето зло што се случи, војната и она што ни се случи, веќе не се тука, па тие доаѓаат овде, стоиме, разговараме... А позади имаше рушевина, а тоа е сепак нивно светилиште - вели Месуд Керановиќ.
Месуд порано работел на градежништво и оттаму му доаѓа искуството, но вели дека волјата да ја обнови оваа црква го поттикнала да научи некои работи кои претходно не ги знаел.
Разбирањето кај мештаните за жал недостасуваше, но за среќа на Месуд неговите синови студираат градежништво, па се полни со идеи кои ги користат за проектот. Човекот кој ја започна трогателната приказна додава дека сите жители на селото како деца си играле заедно таму, без поделби. И жали што војната ги подели. Но, тој се надева дека тоа е готово, и дека во иднина луѓето ќе бидат обединети во добри и благородни дела, како што е обновувањето на оваа црква.
Кога станува збор за неговите соседи од детството, Србите, ситуацијата е поинаква. Иако со години не живеат во селото, често го посетуваат. Нивните посети се обележани со разговори во близина на оваа црква, до која се наоѓаат руинирани гробишта. Оваа тажна слика, меѓу другото, беше чкрапалото што ја разбуди волјата за дејствување кај Месуд. Како што вели, не му е удобно да разговара со нив во близина на руината, која е нивно светилиште.
Извор: Kutaknet.com / Facebook/Niste Znali