Мустафа Надаревиќ замина во вечноста, кај својата најсакана Славица

Во 2012 година ја изгуби својата голема љубов, сопругата Славица Радовиќ. Сега ѝ се придружи во вечноста. Мустафа Надаревиќ, босанскиот актер, почина на 77 - годишна возраст откако ја загуби битката со тешката болест.

Сопругата на Мустафа Надаревиќ повеќе од 10 години храбро се бореше со ракот на дојка, но по успешните терапии, болеста повторно се врати.

Голема поддршка ѝ беше нејзиниот Мустафа. До последниот момент бдееше над нејзината постела, а почина на неговите раце.

Тие двајца се запознаа во зрелите години, кога зад себе веќе имаа два брака и три деца, ќерките Наџа и Нана и синот Аша. Во Славица тој пронајде сродна душа.

За приватниот живот ретко зброуваше, а тогаш истакна дека Славица го преродила. Се венчаа во 1992 година на интимна церемонија. На овој свечен чин, кој е круна на секоја љубов, се одлучија кога насетија дека се наближува нивната физичка разделба.

„Му се јавив да му изразам сочувство, а на крајот тој ме тешеше мене. Од Славица сакаше да се прости на свој начин, онака како што тие двајца и живееја“ - рече филмскиот режисер Арсен Остојуќ во една прилика.