На бившата ѝ плати 38 милијарди долари само за да биде со неа: Ова е новата жена на најбогатиот маж на планетата
Лорен Санчез минатата година се сврши со Џеф Безос, првиот човек на Амазон
Лорен Санчез, го заведе Џеф Безос, првиот човек на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот. Неговото богатство се зголеми од 64 милијарди на 177 милијарди долари.
Свршеницата на богатиот Безос, е родена во Мексико. Таа ја започна својата кариера како асистент на KCOP-TV во Лос Анџелес. Таа, исто така, беше домаќин новинар за „КТВК-ТВ“ во Феникс пред да се приклучи на емисијата „Екстра“ како репортер. Оттаму, Санчез се пресели во Fox Sports Net, каде што доби номинација за Еми.
Пред петнаесет години, таа стана првата водителка на популарниот натпревар за танц „So You Think You Can Dance“, а потоа го напушти шоуто по првата сезона, додека се подготвуваше за раѓањето на своето второ дете. Патем, водителката влезе во рејтингот на списанието „People-50 најубави луѓе“ и листата „Us Us Weekly“ за „Најубаво тело“.
Лорен Санчез има три деца, син Ник Гонзалес од бракот со фудбалерот на НФЛ, Тони Гонзалес и син и ќерка од бракот со Патрик Вајтсел, извршен директор на холивудската агенција WME. Двојката беше во брак 14 години, а во април 2019 година, Санчез поднесе барање за развод.
Во јануари 2019 година, основачот на Амазон Xеф Безос официјално објави дека се разведува од Мекензи Безос и тој плати 38 милијарди долари за разводoт.
Само неколку часа по изјавата, новинарите дознаа дека милијардерот имал афера со Лорен Санчез. Една година подоцна, парот ја потврди својата врска со појавување на настанот „Amazon Prime Video“ во Мумбаи. Оттогаш, Џеф и Лорен често се појавуваат на разни настани и не ги кријат чувствата еден за друг.
Фото: Профимедиа/ Инстаграм Лорен Санчез