На денешен ден потона Титаник: Со него и неколку Македонци
Титаник“ (RMS Titanic) — британски прекуокеански патнички брод од класата „Олимпик“ сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија која организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија (обично од Саутхемптон) и САД (обично до Њујорк).
Бил изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф. Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив“. Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени.
Имал носивост од 46.328 БРТ, должина од 269,1 м, парни турбини со 59.000 коњски сили, максимална брзина при полн товар од 24 јазли (44,57 км/ч) и капацитет од 3.547 патници.
За време на првото патување, „Титаник“ удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14 април 1912 ситни и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15 април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.
„Титаник“ ги надмина своите соперници во луксузноста и богатството. Понуди базен на палубата, гимнастичка сала, игралиште за сквеш, турска бања, кафе-бар и библиотеки во првата и втората класа. Заедничките простории во првата класа беа дизајнирани со дрвени орнаменти, скап мебел и други декорации. Главните соби во третата класа имаа ѕидови од борова шума и со силен дрвен мебел. Исто така во првата и втората класа имаше и берберница. Понатаму, кафето Парисиан ја нудеше својата кујна на патниците од прваа класа со веранда осветлена со сонце и украсена со декоративни решетки. За тој период бродот вклушуваше технолошко нашредни карактеристики.Имаше три електрични лифтови во првата и еден во втората класа. Имаше и широк електричен подсистем со генератори на пареа и распространети електрични светилки на предниот дел, две Маркони радиа, што вклучуваше моќен сет од 1 500 вати на кој работеа во смени двајца работници и овозможуваше постојан контакт и пренос на многу пораки од патниците. Патниците од прва класа платија крупна сума за ваков комфор. Најскапиот прекуокеански билет чинеше 4 350 долари (односно повеќе од 95 860 долари во денешно време).
Од вкупно 2 223 луѓе на „Титаник“, само 706 ја преживеале катастрофата а 1 517 исчезнале. Поголемиот дел од жртвите починале од хипотермија во водата со -2 степени целзиусови. Со оваа температура на водата, може да се очекува смрт за помалку од 15 минути. Луѓе и членови на втората и третата класа многу тешко би преживеале. Од мажите во втората класа, 92% исчезнале, додека помалку од половина од третата класа патници преживеале. 6 од 7-те деца од првата класа преживеале. Сите од децата во втората класа преживеале, каде само 34 % биле спасени од третата класа. 4 жени од прва класа умреле, 86% од жените од втора класа преживеале и нешто помалку од половина од третата класа преживеале. Севкупно, околу 20% од мажите преживеале, во споредба со 75% од жените. Мажите со прва класа имале четири пати поголема можност за да преживеат како мажи од втора класа и двапати како патници од трета класа. Од мажите патници исчезнале 92%. Помалку од половина од патниците од трета класа преживеале. Друга нееднаквост е тоа дека поголем број од британските патници загинале отколку американски, некои извори наведуваат дека многу британци во тоа време биле културни и чекале ред, отколку да форсираат и да се пробиваат до чамците како што некои американци правеле.
И замислете, во списокот на патници на Титаник се заведени неколку Македонци кои завршиле трагично, во студените води на Атлантикот, а се претпоставува дека двајца преживеале.
Според неофицијани податоци, Стојко Додоловски и Спирко Савески се вели дека преживеале, а останатите неколку Македонци како браќата Јанко и Миле од родот Смилески - печалбари кои биле на пат за Америка, засегогаш потонале во студенилото.
Но, за Маринко Дмитри од Македонија има официјални податоци и еве ги во прилог