„На интелигентни луѓе им е потребна будала да ги води“: Џек Ма е виден во Кина

За себе: Јас сум многу едноставно момче, не сум паметен. Сите мислат дека Џек Ма е многу паметен човек. Можеби имам паметно лице, но имам глупи мозоци“.

За поголема мисија: „Не е важно дали сум пропаднал. Барем го пренесов концептот и идејата на другите, дури и ако не успеам, некој ќе успее“.

Ова се само некои од бесценетите совети на основачот на „Алибаба“, Џек Ма, кој повеќе од една година престој во странство се врати во Кина, соопшти денеска весникот „Саут Чајна Морнинг пост“.

Ма, еден од најистакнатите кинески претприемачи, ја напушти Кина на крајот на 2021 година и последните месеци беше виден во Јапонија, Австралија и Тајланд.

Кон крајот на 2020 година тој се повлече се јавноста откако го критикуваше кинескиот регулаторен систем.

Додека кинеските власти во последните месеци изјавуваа дека го намалиле притисокот и дека ќе бараат начини да го поддржат приватниот сектор, кинеските претприемачи наведуваат дека одлуката на Ма да остане во странство е фактор што ја поткопува довербата.

По објавувањето на веста во кинескиот весник акциите на „Алибаба“ во Хонг Конг пораснаа за повеќе од четири отсто.

Весникот не соопшти кога Џек Ма се вратил во Кина, но цитира извори кои велат дека го посетил училиштето што го основал во градот Хангжу, каде што се наоѓа централата на „Алибаба“ и финансиската компанија „Ant Group“. Изданието додава дека Ма се вратил во Кина по краткиот престој во Хонг Конг.

Британските медиуми наведуваат дека неодамна Ма се откажал од контролата во „ Ant Group“, кинескиот гигант во областа на компјутерската поддршка на банкарските и финансиските услуги.

Неговите останати совети бесплатно ви ги пренесуваме подолу:

За работата: „Ако доаѓаме на работа во 8 наутро и одиме дома во 17ч, ова не е високотехнолошка компанија, а Алибаба нема да биде успешна. Ако имаме таков вид на дух од 8 до 5, тогаш би требало да си одиме и да работиме нешто друго“.

„Секогаш имајте на ум овие три принципи: што сакате да направите, што треба да направите, и колку долго треба да работите“.

За конкуренција: „Учете од конкуренцијата, но никогаш не копирајте. Копирајте и ќе умрете“.

За основање компании: „Ако сакате да растете, пронајдете добра прилика. Денес, ако сакате да бидете сјајна компанија, размислете за тоа кој социјален проблем можете да го решите.

За неоткажувањето: „Денешниот ден е суров. Утрешниот ќе биде уште посуров. А денот после утре ќе биде прекрасен“.

За луѓето: „Вработете личност која е најсоодветна за работа, а најталентирана. Тоа може да биде многу болна лекција. Нема смисла да се вградува мотор „боинг“, ако ќе вози трактор“.

За етиката: „Никогаш не мамете други, ни во бизнисот , ни во животот. Во текот на 1995 година ме измамија четири компании- сите четири сега се затворени. Компанијата не може да стигне далеку со измамите“.

За предности на неговото непознавање на технологијата: „На интелигентни луѓе им е потребна будала да ги води. Кога тимот го сочинуваат тон научници, најдобро е да имаат селјак да ги води по патот, неговиот начин на размислување е поинаков. Полесно е да се победи кога луѓето ги гледаат работите од поинакви перспективи“.

За поминати грешки од „мрачните денови во Алибаба“: Ако не се откажете и понатаму имате шанса. И, кога сте мали, мора да бидете многу фокусирани и да се потпрете на мозокот, а не на силата“.

За тимската работа: „Ако сме добар тим и знаеме што сакаме да направиме, еден од нас може да победи 10 нивни“.

За истрајноста: „Ние тоа ќе го направиме бидејќи сме млади и никогаш, никогаш нема да се откажеме“.