На кислородна поддршка се 16 пациенти: Денешниот биланс на коронавирус бележи 67 нови случаи во Македонија

На прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче, посочи дека до изутрината на Клиниката за инфективни болести во Скопје се примени шест пациенти и сега се хоспитализирани вкупно 40, а на кислородна поддршка се 16 пациенти.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 67 позитивни пациенти на Ковид-19 од вкупно 868 направени тестирања.

 Има 25 оздравени пациенти, и еден починат.


Скопје- 27 позитивни на Ковид-19, од кои на респираторна машина се шест пациенти. 

Битола-  хоспитализирани се седум пациенти

Во Штип 14

На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп вкупно се хоспитализирани 27 пациенти кои се позитивни на вирусот, рече Филипче.