На колку злато лежи Иловица и колку години би работело наоѓалиштето?

Според геолошките истражувања, во наоѓалиштето за бакар и злато Иловица, утврдени се 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има околу 70 тони злато и 410 илјади тони бакар. 

Од овие количини, истражувањата потврдуваат искористувања од 86,5 отсто за златото и 84 отсто за бакарот. Површинскиот коп кај Иловица и Штука се предвидуваше да има експлоатација од 10 милиони тони руда годишно. Просечното годишно производство беше проектирано на 95 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, рудникот се предвидуваше да работи околу 23 години.