На неколку километри од границата со Македонија има град на духови: Западот инвестира милиони за да го оживее, причината е бизарна
Недалеку од границата со Македонија има град во кој Западот инвестира милиони, за да го одржи во живот и да ги спречи неговите жители да емигрираат.
Имено, тинејџерите во една од најсиромашните области во Албанија не се откажуваат од идејата да заминат во Велика Британија, иако британските даночни обврзници финансираат програма вредна околу 9 милиони евра, за да ги принудат да останат во родната земја.
Парите неодамна беа наменети од владата на ОК да бидат потрошени за создавање работни места и програми за заедницата во регионот Кукеш, каде што локалниот градоначалник започна кампања за да ги убеди граѓаните кои емигрирале да се вратат дома.
Областа погодена од сиромаштија беше избрана откако изгуби половина од населението од 1990 година. Илјадници и илјадници млади луѓе од областа им плаќале на шверцерите да ги донесат во ОК, криејќи ги во чамци или камиони.
Поради масовната преселба Кукеш се нарекува „град на духови“, бидејќи речиси сите млади си заминале, а останале само старите.
Регионот на северо-источниот дел на Албанија, на само неколку минути овзење од Скопје или Тетово, има најголем процент од населението кое илегално оди во Обединетото Кралство или таму бара азил, во споредба со другите земји во регионот.
Речиси идентична е ситуацијата во градовите и селата низ Албанија, каде што граѓаните заминуваат за да започнат нов живот во странство, а многумина заминаа и во Велика Британија.
Новиот градоначалник вети дека ќе потроши голем дел од парите на ОК за убедување на луѓето да се вратат, нудејќи даночни олеснувања и грантови за основање бизниси поврзани со туризмот, што тој го смета за клучен за зајакнување на економијата во регионот.
Сепак, истражувањето на DailyMail покажува дека многу тинејџери не се импресионирани од овие мерки и се уште сакаат да се упатат во Британија штом ќе добијат шанса, бидејќи веруваат дека таму би било полесно да најдат работа и да заработат повеќе пари.
„Во Албанија нема работа, ќе позајмам пари за да си одам“
Момчето Дардан, кое има само 15 години, додека пие кафе со своите врсници во Кукеш, вели дека веднаш штом ќе го заврши училиштето во јули ќе замине за Велика Британија.
„Во Албанија нема работа, нема каде да се работи. Ова е сиромашна земја. Само сакам да стигнам во Англија, го знам јазикот. Имам роднини и од страната на татко ми и од мајка ми кои веќе се таму“, вели Дардан.
Тој вели дека планира да стигне таму со камион или брод.
"Ќе ме чини неколку илјади евра, но можам да ги позајмам парите и да ги вратам кога ќе заработам. Сакам да бидам електричар во Англија. Занаетот го научив од вујко ми, тој е електричар", вели момчето.
Истакнува дека сите негови пријатели мислат исто.
"Немаме иднина за нас овде. Родителите ме разбираат, но велат дека прво треба да завршам училиште. Едноставно, во Британија има повеќе шанси. Овде ништо не можете да направите", вели тој.
Дардан веќе детално испланирал како ќе остане во Британија.
„Ако треба да барам азил, ќе им кажам дека мојата куќа е многу стара, дека моите родители не работат, дека брат ми е болен. Ако ме вратат, ќе се обидам пак. Нема да ги слушам луѓето кои ме убедуваат да останам, само сакам да си одам одовде“, вели тинејџерот.
Фиоли Зуби (17) вели дека веќе подготвува „бегство во Британија“. Работи на план илегално да влезе во земјава штом ќе го заврши тригодишното средно автомеханичко училиште.
"Моите родители не сакаат да одам, но немам избор ако не најдам работа овде. Моите шанси да најдам работа овде се 50/50, бидејќи економијата е лоша. Дури 80% од луѓето овде, факултетски образовани, немаат работа“, тврди Фјоли.
„Секако, постои можност и да влезам во камион. Таму имам роднини, знам како да стигнам на работа ако заминам“, вели младиот човек.
Официјалните бројки покажуваат дека бројот на Албанци кои бараат азил во ОК се искачи на речиси 16.000 минатата година - повеќе од остатокот од Европа заедно - при што мнозинството пристигнаа со брод.
Ние не мора да одиме подалеку! И кај нас ова се случува! Решение???
Telegraf rs