На шега направил тест за бременост и открил опасна болест: „Зошто сум бремен, што е ова?

Момци, направив тест за бременост само за забава - јас сум маж, а пишува дека сум бремен! Што се случува?“ напиша покрај видеото, видно збунет од позитивниот резултат од тестот. Коментарите набрзо почнаа да се слеваат, заедно со бројни совети веднаш да се обрати на лекар. Но, како е можно таков тест дури и да покаже позитивен резултат кај маж?

Иако повеќето луѓе знаат дека тестовите за бременост се наменети за жени, всушност овие тестови можат да откријат и одредени видови на рак кај мажите, како што е ракот на тестисите. Излегува дека причината за ова лежи во заедничкиот хормон бета-HCG, исто така наречен хуман хорионски гонадотропин. Овој хормон, кој тестовите за бременост го откриваат кај трудниците, може да биде присутен и во телото на мажите кои страдаат од рак на тестисите.

Во објава на интернет, мажот покажа позитивен резултат со слаба контролна линија, што предизвика збунетост кај многумина. Сепак, експертите објаснуваат дека слични реакции се јавуваат кај жените кога нивото на бета-HCG е многу високо. Медицинската сестра исто така коментираше за овој феномен: „Тука ја имаме таканаречената „линијата за крадци на бои“ - линијата за тестирање зема најголем дел од бојата, така што контролната линија е бледа. Тоа секако е причина за загриженост кај мажот и му советувам веднаш да се консултира со лекар“, рекла таа.

Хормонот бета-HCG го произведува телото на жената за време на бременоста, а се лачи од плацентата, што го прави основа за откривање на бременоста. Истиот хормон, сепак, се произведува и од одредени видови на рак, вклучувајќи го и ракот на тестисите, што може да го објасни позитивниот резултат на тестот за бременост кај мажите. Тестовите за бременост, кои се широко достапни и вообичаено се користат од страна на жените, на тој начин може да станат алатка за рано предупредување за оваа болест кај мажите.

Се разбира, позитивниот тест за бременост не е доволен за дијагностицирање на рак на тестисите, но тоа може да биде првиот индикатор кој бара медицинска евалуација, особено ако симптомите како што се:

забележлива грутка на тестисот

чувство на тежина, притисок или непријатност во скротумот

промена на големината на тестисот или појава на нови симптоми во околината на тој дел

Доколку тестот за бременост покаже позитивен резултат, се препорачува веднаш да се посети лекар за понатамошна евалуација.

Инструкции за самопреглед на тестисите:

На мажите им се советува секој месец да вршат самопреглед на тестисите, кој трае само три минути и може да се направи под топол туш или када за да се опушти кожата. Секој тестис треба да се испита посебно, внимателно да се сврти помеѓу палецот и показалецот и да се провери дали има некакви грутки или неправилности на површината. Доколку забележите некакви промени во големината или структурата на тестисите во однос на претходниот преглед, како затегната кожа или нерамна површина, се препорачува консултација со лекар.

Ако за време на прегледот почувствувате мала грутка на задниот дел од тестисот, не паничете - најверојатно се работи за епидидимисот или деферентните канали, што е сосема нормално.