На свадба без месо гостите останале гладни: Зачудено зјапале во чиниите, послужени со салата и смути, а овој потег е шокантен
Сем Катлер, жена со манекенска градба и водител на каналот Fit Fatal, е позната по својата посветеност на здрав начин на живот и исхрана. Нејзините обожаватели долго време ги следеа нејзините совети за урамнотежено внесување храна, вежбање и избегнување одредени состојки кои според неа се штетни за организмот. Сепак, она што ја изненади јавноста е нејзиниот пристап кон сопствената венчавка, каде целосно ја елиминира традиционалната свадбена трпеза и го приспособи менито исклучиво на својата исхрана.
На денот на нејзината венчавка, Сем следела строга диета која ги исклучувала глутенот, млечните производи, шеќерот и црвеното месо, а се базирала на суров зеленчук, смути и морски плодови. Пред самата церемонија, таа консумирала вегетаријанска чинија со сиров зеленчук, додека нејзините оброци во текот на денот вклучувале остриги, авокадо со салата и леб без глутен. Самата свадбена торта била подготвена без млеко, шеќер и глутен, а со неа се служеле само безалкохолни пијалоци.
Оваа одлука, како и целиот концепт на свадбена храна, брзо стана тема на дискусија на социјалните мрежи.
Гостите изненадени: „Не очекувавме да останеме гладни“ Додека невестата уживаше во своето специфично мени, многу гости беа непријатно изненадени. Традиционалната свадбена гозба со разновидни јадења, богати вкусови и дарежливи порции ја немаше овде, а некои присутни признаа дека ја напуштиле свадбата гладни.
Кога Сем Катлер сподели детали за менито на социјалните мрежи, реакциите беа огромни. Многумина изразија неверување, посочувајќи дека на прослава од ваков тип би очекувале нешто поинаку. Коментарите беа многубројни, а меѓу нив се издвоија следново: „Уморен сум од овие луѓе кои се опседнати со здравата исхрана“.
„Ова изгледа како нарушување, а не како здрав начин на живот.
„Замислете да одите на нечија свадба и да ви послужат салата, зелено смути и апчиња против надуеност.
Некои, сепак, застанаа во одбрана на невестата, нагласувајќи дека тоа е нејзина прослава и дека таа има право да организира сè по свои правила. Сепак, повеќето се согласија дека таа можела барем делумно да го прилагоди менито на гостите и да им обезбеди нешто поконкретно за јадење.
Како и да е, едно е сигурно – венчавката на Сем Катлер никого не остави рамнодушен, а нејзината исхрана и животна филозофија продолжуваат да предизвикуваат различни реакции во јавноста.