На својот 150-ти роденден: Heineken ги слави печатните грешки, „погрешните“ изговори и начини на служење и уживање во Heineken

Еден од најпознатите глобални пивски брендови, Heineken, годинава обележува 150 години постоење со исклучително необична и неконвенционална кампања, која ги слави неговите „прекари“ низ светот, погрешните изговори, печатните грешки и несекојдневните начини на кои се сервира или се ужива во Heineken.

Но, наместо да ги поправа и игнорира „грешките“ или да дели совети како е правилно, Heineken ги прифаќа онакви какви што се за пред сите да покаже дека апсолутно е неважно како уживаш во него, сѐ додека се забавуваш и создаваш незаборавни искуства, онака како што сакаш ти.

Токму ова го кажува и Фреди Хајнекен, кој како најзаслужен што пиварницата на неговото семејство денес е признат светски пивски бренд, уште одамна рекол: „Јас не продавам пиво, туку убави моменти и незаборавни искуства.“ и тие негови зборови никогаш не звучеле поточно.

И иако, низ последниве 150 години дефиницијата за тоа што се убави моменти и незаборавни искуства често се менувала и ќе продолжи да се менува, Heineken секогашбил и ќе остане дел од неа...на еден или друг начин. 

ПР објава