Над 7 милиони заразени со коронавирус: Светот нема решение за крај на пандемијата
Пандемија со коронавирус уби најмалку 407.009 луѓе ширум светот од 7.142.462 заразени, според веб-страницата на универзитетската болница „Џон Хопкинс“ во вторникот во 3 часот попладне.
Повеќе од седум милиони заразени лица се официјално дијагностицирани во 196 држави и територии откако болеста се појави во декември, велат експертите од универзитетот Харвард во Соединетите држави.
Болеста можеби започнала да се шири во Кина уште во август 2019 година, според истражувањето на Харвард засновано врз сателитски слики, обрасци на патувања до болници и податоци од интернет пребарувачите, но Кина го нарече тврдењето „смешно“.
Со 1.961.187 заразени и 111 007 мртви, Соединетите држави продолжуваат да се рангираат на првото место на списокот на земји најтешко погодени од пандемијата.
На второ место по бројот на жртви е Велика Британија со 40.597 смртни случаи, иако бројот објавен од Националното биро за статистика во вторникот е поголем и достигна скоро 50.000 смртни случаи од ефектите на ковид-19.
Бразил е на третото место со 37.134 смртни случаи од коронавирус, но оваа најголема земја во Јужна Америка со вкупно 707.412 заразени е на второто место по бројот на заразени во светот.
Со денови, експертите предупредуваат дека Јужна Америка е ново жариште на коронавирус и има недоволно капацитет на санитарните власти во тој регион.
На третото место по бројот на жртви е Италија со 33.964, по што следи Франција со 29.209 смртни случаи од ефектите на ковид-19.
Москва од денес без карантин
Со 484.630 заразени, Русија се најде на третото место по бројот на инфицирани и 6.133 смртни случаи, но московјаните можат да уживаат во нивната вообичаена рутина од денес, откако карантинот беше укинат по повеќе од два месеци.
И покрај ова, Москва сè уште бележи повеќе од илјада нови случаи на инфекција дневно.
Скоро 13 милиони жители на Москва сега можат да користат јавен превоз, да патуваат со сопственото возило во градот без ограничувања и да излезат од своите домови без ограничување.
Еврозоната: пад на БДП
Поради мерките за изолација наметнати од европските земји во пандемијата, БДП на еврозоната падна за 3,6 проценти во првиот квартал, што е највисоко од формирањето на единствената европска валута во 1999 година.
Индија
Индискиот главен град Њу Делхи би можел да има повеќе од половина милион кои страдале до крајот на јули, што значи дека бројот на заразени ќе се размножува дваесет пати за два месеци, предупреди локалната власт.
Мегаполисот од 20 милиони жители до денес има 874 смртни случаи на коронавирус на 29.943 потврдени заразени. Бројни сведоштва зборуваат за тешката состојба во болниците и преоптовареноста на погребните услуги.
„Ќе ни требаат најмалку 80.000 болнички кревети за 550 000 заразени во Делхи до 31 јули“, вели Маниш Сизодија, гласноговорник во локалната власт, по состанокот посветен на санитарната криза