Најбрзата птица на светот: Сивиот сокол- чувар на македонското небо
Со нивниот
изострен вид,
способноста за “маневрирање” во летот, брзината и итрината, соколите се птици
кои се единствени,
посебни и уникатни жители на планетата Земја. Кај нас често опеани во народните
песни, секогаш глорифицирани. И имаме среќа што претставници на овие птици живеат и во
Македонија со векови.
Во Западна Европа соколарењето било строго определено според позицијата на функција во самото кралство, што значи, по висина функцијата и авторитетот се определувала одредена врста на птица грабливка, како на пример: орел за кралот, гир-бел сокол за принцот, сив сокол за војсководецот, јастреб за витезот, додека мерлин за дамата и јастреб кобец за свештеникот.
Кралското соколарство до ден денес се пренесува преку многу документи и преданија од англиската монархија.
Кај нас, приказот на птици грабливки (соколи и орли) се забележува на сaркофогот, откриен во црквата на Самоил, Св.Ахил на Преспанското Езеро кој датира од 986-900 година.
Во овие композиции птиците грабливки се прикажани како напаѓаат животни како камила во едниот случај, и водена птица во другиот случај, така што се докажува религиозното и симболично значање, но треба да се обележи дека приказот на птиците грабливки го опишува нивното реално движење додека ловат.
Архиелошките артeфакти во кои има симболи на птици грабливки докажува за древноста на една земја и нејзините стари корени. Соколот и орелот добиваат симболично, историско и религиозно значење.
Симболите на сокол се откриени дури и во секуларната материјална култура од средновековниот период на Република Македонија. Птиците грабливки биле насликани на луксузниот накит (прстени и обетки) кои датираат од Xl-XV век кога најчесто преставувале богат подарок за посебни и конкретни личности.
На нашето поднебје се застапени девет видови на вистински соколи (Falco), кој народно се поделени на соколи и ветрушки. Присутни се следниве видови: белонокта ветрушка (Falco naumanni), ветрушка (Falco tinnunculus), модра ветрушка (Falco vespertinus), медитерански сокол (Falco eleonorae), мал сокол (Falco columbarius), сокол ластовичар (Falco subbuteo), планински сокол (Falco biarmicus), степски сокол или ловџиски сокол (Falco cherrug) и сив сокол (Falco peregrinus).
Сивиот сокол е најбрзата птица на планетата. Се храни со птици, најчесто гулаби, патки, сколовранци и сл. Во својот добро познат пад од небото постигнува фантастична брзина од 320 km/h. Во Северна Америка измерена е брзина од дури 389 km/h. Својот плен го лови исклучиво во воздух. Мажјакот кај сивиот сокол, како и кај повеќето птици-грабливки е 1/3 помал од женката. Својата сива боја ја добива по една година возраст, претходно младите се темно кафени.
Во Македонија се среќаваат два подвида: F.P. peregrinus или номиналниот подвид и медитеранскиот подвид, нешто помал - F.P.brookei.
Се гнезди во дупки на непристапни карпи на голема височина. Ама е итар! Како и сите останати соколи никогаш не прави гнездо, туку користи стари напуштени гнезда од гаврани, или, пак, едноставно ги несе своите јајца на карпата.
Со фантастичниот распон на крилјата не може, а да не биде забележан, посебно ако се види кога лови во воздух, или кога се спушта во слободен пад, затоа што тогаш брзината му е најголема.
Сивиот сокол е заштитен со закон, како и останатите ретки птици грабливки во земјава.
Син штит со Сокол, падобран и логото на АРМ во долниот дел. Испишан е и бројот 501, што е број на батаљонот