Најдобрата голтачка на светот впиша уште еден Гинисов рекорд

Светскиот рекорд во најголем број пилешки медалјони изедени за една минута и официјално беше соборен ...

Леа Шаткавер, професионална јадечка на храна од Велика Британија, успеа да го собори рекордот консумирајќи деветнаесет пилешки медаљони за шеесет секунди. Шаткавер успеа да изеде 352 грама медаљони, додека првиот рекорд го постави манекенката и конкурентна ненаситна јадачка Нела Зисер, која во истиот временски период проголта 298 грама пилешки медалјони.

Според нејзината биографија на Инстаграм, Шаткавер држи дваесет и седум Гинисови рекорди за јадење храна. Некои од нив вклучуваат крофни со џем за три минути, најголема количина лазања за триесет секунди и најбрзо време за проголтување краставица. Таа го држи и рекордот за пиење еден литар сос, што го направи за само неколку секунди во текот на една минута.

Подготвена да создаде нова историја во областа на храната, Леа си постави предизвик да изеде чинија со дваесет пилешки медалјони, снимајќи истовремено во шоуто на Гинисовата книга на рекорди, Lo Show Dei Record. На нејзино големо разочарување, таа не успеа да изеде се од чинијата, во која остана еден медалјон. Како што изјавила во видеото: „Имаме еден медалјон во чинија, да бидам искрена, целосно сум разочарана поради тоа“.



View this post on Instagram

A post shared by Leah Shutkever | PRO. EATER (@shutkeverofficial)