Најдобро опремениот затвор на светот: Затворениците уживаат како на одмор - теретана, музичко студио, јога...

фото:PROFIMEDIA

Им овозможуваат се' за да се вратат во општеството како нови луѓе!

Норвешкиот затвор во Халден има околу 250 затвореници. Речиси половината извршиле тешки кривични дела како убиство, а една третина биле осудени за продажба или шверц на дрога. Но, за да успеат да ги вратат во општеството како нови луѓе, Норвежаните смислиле сосема поинаков концепт на затвор.

Сметаат дека одмаздата не дава добри резултати и дека рехабилитацијата е клучна за изградба на ново скалило на морални вредности.

Поради изгледот и содржината што ги нуди Халден, тој се смета за најхуманиот затвор на светот. Изграден е среде шума, а внатре во ѕидовите има дрвја и шумски плодови кои непречено растат.

Ќелиите имаат кревет, мал фрижидер, полица за книги, телевизор, маса и приватна бања со туш и мијалник. Затворениците имаат на располагање и самопослуга наречена „Јустисен“ (Правда), каде што затворениците можат да купат се што им е потребно за готвење, без разлика дали сакаат да јадат нешто сами или да ги почестат „колегите“.

Има и добро опремено музичко студио, чие име на англиски звучи одлично („Криминална евиденција/"Criminal Records“), како и градина, соба за молитва, теретана, библиотека, соба за компјутери, куќа за гости и многу повеќе.

Во затворското училиште затворениците можат да добијат соодветно образование додека ја издржуваат казната, а во слободно време играат игри со стражарите, вежбаат јога, свират клавијатури или гитара ...

Во текот на денот, стражарите често се дружат со затворениците, на кафе или спортување. Многу области немаат камери за надзор, а затворениците до одреден степен можат слободно да се движат.

извор:srbijadanas.com