Најдолгата забележана инфекција со ковид: „42 пати сум тестиран позитивен, а сопругата ми организираше погреб веќе пет пати“

Како и  илјадници луѓе, Дејв Смит (72) се разболе од вирусот ковид-19 на почетокот на првиот бран во Велика Британија. Сепак, додека повеќето од нив го надминаа вирусот по само неколку недели, вклучувајќи ги и оние кои ги чувствувале симптоми на „долг ковид“, Смит имал сосема поинаков вид на проблем - тој бил позитивен на корона вирусот 10 месеци.

Тоа е најдолгата активна забележана инфекција со ковид-19, а во тој период, Дејвид бил тестиран 42 пати и бил примен во болница седум пати, пишува „Гардијан“.

-Кога состојбата ќе се влоши, буквално доаѓам до „вратата на смртта“ и морам веднаш да одам во болница. Мојата сопруга ми организираше погреб пет пати. Го повикав моето семејство и пријателите да се збогувам со нив, но сега би сакал да ја држам устата затворена - рече Смит.

Овој пензиониран инструктор за возење на крајот се излечил со коктел со антитела, кој исто така се користеше за лекување на Доналд Трамп и кој делува со блокирање на вирусот да не зарази нови клетки во телото.

Состојбата на Смит била таква што лекарите биле решени да му дадат дури и непроверена терапија, освен ако не постои друг одобрен третман на кој тој одговорил.

- Нема голем број такви пациенти, веројатно не повеќе од неколку по болница. Некои од нив едноставно се разболуваат и умираат, но се чини дека други имаат ваков вид на болест, која постојано се враќа. Знаеме дека овие пациенти имаат мутации слични на оние што ги видовме во неколку варијанти. Тоа е теоретски ризик, но постои, поради што не треба да занемаруваме такви пациенти кога станува збор за терапија - изјави консултантот за инфективни болести Ед Морен.

Како и Смит, повеќето луѓе со постојани инфекции имаат ниско ниво на антитела кои го неутрализираат вирусот, или поради неодамнешен третман со леукемија или поради наследна состојба што ги прави дисфункционални клетките што произведуваат антитела.

Смит бил третиран од леукемија во 2019 година.

- Само што открив дека сум чист од рак, кога останав целосно исцрпен и без енергија. Го изгубив сетилото за мирис, кое сè уште не ми е вратено. Јас не направив тест за ковид се до април, кога ме однесоа во болница, затоа што добив пневмонија - рече Смит.

После земање антибиотици бил испратен дома, но сепак се чувствувал лошо. Тој повторно бил хоспитализиран во јули, бидејќи бил многу слаб, а кога тестот повторно покажал позитивен резултат, претпоставката била дека тој повторно е заразен, сепак, други тестови сугерирале дека станува збор за истата инфекција.

Иако инфекцијата била неконтролирана во неговото тело, здравјето на Смит се подобрило, а потоа се влошило непредвидливо.

- Во еден момент бев врзан за кревет два-три месеци. Жена ми мораше да ме мие и да ме бричи бидејќи едноставно не можев да станам. Понекогаш размислував како би сакал да исчезнам среде ноќ, затоа што едноставно не можам да продолжам повеќе. Доаѓате до точка кога повеќе се плашите од животот отколку да умрете“, вели Дејв.

Затоа, тој се погрижил неговата сопруга да добие пристап до сите документи и банкарски картички, а таа набргу започнала да ги сортира и продава неговите работи. Во еден момент, Смит контактирал и со роднини во Нов Зеланд за да се збогува, додека другите членови сами го сториле тоа, доаѓајќи да го посетат во заштитно одело.

Пресвртницата се случи со споменатата терапија, регенерон, но немало подобрување веднаш, туку по неколку недели.

- Навистина бев пресреќен кога за првпат по неколку месеци и сварив кафе на сопругата. Првпат можев да направам нешто за неа, наместо таа за мене. 45 дена откако го примив лекот, добив и негативен резултат. Отворивме шише шампањ што го чувавме, бидејќи во спротивно не пиеме, а целото шише сами го испивме. Потоа ги поканивме сите да им кажамдека сум негативен - вели Смит.

Од тогаш, Дејв е во посета на семејство, на одмор и во Лондон, а во слободното време го учи својот внук да вози автомобил.

- Никогаш нема да бидам 100 процентен добар, бидејќи ковид ми ги уништи белите дробови, па прилично брзо останувам без здив. Но, секој ден што живеам сега е бонус - заклучи Дејв.


Фото: SEDAT SUNA / EP