„Најдовме остатоци од летало кое не е од Земјата“ (ВИДЕО)

Пентагон има тајна единица за НЛО истражување, а наскоро ќе треба да го објави она што го откриле во нивното истражување.

Иако Пентагон тврдеше дека ја раскинал својата тајна програма за идентификација на НЛО уште во 2012 година, се чини дека програмата штотуку е преместена и преименувана.

Она што е особено интересно е дека барем дел од нивните откритија ќе треба да бидат објавени 180 дена по донесувањето на законот за разузнавање.


И додека некои вклучени во програмата се надеваат дека ќе најдат доказ за постоење туѓо вселенско летало со кое се шпекулира со децении, главниот фокус е сè уште на тоа дали станува збор за напредна технологија на ривалските воени сили, пренесува порталот „Индекс“.

Сепак, поранешниот директор на програмата за НЛО и поранешен службеник за воено разузнавање Луис Елизандо потврди дека тој и неколку други поранешни државни функционери и владини научници веруваат дека предмети од неидентификувано потекло навистина паднале на Земјата, и дека нивните остатоци биле земени за анализа.

Елизандо, кој поднесе оставка во 2017 година, по 10 години на чело на програмата за НЛО, смета дека програмата повеќе нема „да се крие во сенките“ и дека ќе „добие нова транспарентност“.

Да потсетиме, теории за НЛО, кои до сега главно спаѓаа во доменот на „алтернативни“ и псевдо-научни истражувања, добија нов моментум и внимание на јавноста кога Пентагон официјално објави неколку снимки од средби меѓу американските воени пилоти и НЛО.


И тие снимки беа објавени во 2017 и 2018 година од страна на американската компанија „To The Stars Academy of Arts & Science“, која беше основана од поранешниот член на рок-групата „Блинк-182“, Том ДеЛонг, инаку обожавател на т.н. теорија на заговор. Американската морнарица ја потврди нивната автентичност минатата година, но исто така потенцираше дека не знае точно какви објекти се тие. Еден поморски службеник во тоа време изјавил дека морнарицата не верувала дека станува збор за туѓо вселенско летало.

Важно е да се нагласи дека НЛО не мора да значи туѓо вселенско летало, туку едноставно вселенско летало чијашто природа и потекло не се идентификувани - како што сугерира неговото име.

Остатоците од вселенското летало не се од Земјата, не можевме сами да ги направиме

Поранешниот сенатор Хари Рид, исто така, рече дека верува дека паѓањето на НЛО можеби е веќе забележано и дека остатоците од тие авиони, доколку се соберат, ќе треба да се изучуваат.

„Откако го проучив ова, заклучив дека има извештаи - некои значајни, некои не - дека владата и приватниот сектор имаат вакви материјали“, додаде Рид.

„Исклучително е важно да се објават информации за откривање физички материјали или пронајдени летала“, истакна поранешниот сенатор.

Ниту такви остатоци од срушеното летало не се јавно презентирани за независна анализа, а за некои пронајдени метални фрагменти, лабораториската анализа потврди дека тие се од човечко, а не вонземско потекло, односно производство.

Покрај тоа, некои необјаснети средби со НЛО последователно добија објаснувања, а астрофизичарите истакнуваат дека дури и недостатокот на објаснувања не значи дека тие се нужно, па дури и веројатно, вонземјани.

Сепак, Ерик В. Дејвис, астрофизичар кој работел како подизведувач, а потоа и како консултант за програмата за НЛО на Пентагон од 2007 година, открил дека анализата на некои од пронајдените материјали не успеа да го открие нивниот извор.

„Не можевме да ги направиме сами“, заклучи Дејвис.

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така им се придружи на гласините за НЛО и вонземјаните, велејќи во интервју дека знаел некои „многу интересни“ работи за Росвел, град во Мексико кој според т.н. ловци на НЛО е прво место на уривање на НЛО летало.

Сепак, на прашањето дали ќе ги објави тие информации, Трамп одговори: „Јас ќе размислувам за тоа“.

(Спутник)