Најголемата тајна на миленичката на новогодишните празници: Всушност е паразит кој му создава стрес на својот домаќин

Ако некогаш сте виделе грмушка од лисја на дрвјата што ве потсетува на имела, не сте се излажале, бидејќи тоа е ова необично растение - паразит.

За многумина, една од бројните асоцијации за новогодишните празници е имелата, растение кое низ историјата го ценеле многу народи. Како Скандинавците кои некогаш го сметаа за симбол на мирот, така и непријателите, кога ќе се сретнаа под него, мораа да престанат да се борат барем за тој ден. Меѓутоа, ако овој факт се тргне настрана и се земат предвид само строгите научни податоци, најизненадувачки е што всушност станува збор за паразит кој ги напаѓа дрвјата.

Happy Christmas! Just did a mistletoe survey on the Common, given the season. Didn't find any but on my way home, I spotted this tree outside St Mary's with 10 plants on! I hope the birds carry some seeds over to the common Now it's time for turkey #Wimbledon #Putney pic.twitter.com/3jStLUxi5Y

— Oliver Bennett (@The_Commons_Man) December 25, 2022

Имено, Phoradendron претставува еден вид имела која потекнува од сандалово дрво - растение познато по тоа што ја „краде“ храната преку своите корени. Сепак, имелата еволуирала малку поинаку од нејзиниот братучед и паразитира така што „виси“ на гранките на другите дрвја. Додека својот најголем успех го должи на лепливите семиња во вкусните бобинки, со кои птиците се хранат и го шират овој паразит понатаму преку нивниот измет.


Откако еднаш ќе се најдат на дрвјата, тие добиваат хранливи материи од него и на тој начин предизвикуваат стрес. Иако нема да го убие, со текот на времето тоа може да предизвика делови од дрвото да се исушат. Она што малкумина го знаат е дека може да биде токсичен за луѓето и домашните миленици, но има и неколку корисни својства.

За време на нејзиниот живот кај домаќинот, таа може да покаже и љубезност, со зголемување на производството на фотосинтеза и намалување на предизвиканата штета. Исто така, во текот на неколку експерименти, било забележано дека цветовите даваат идеален нектар за пчелите и се соодветни домаќини за гасеници.

ФОТО: Твитер