Најголемата земја во светот има помалку заразени од коронавирус отколку Луксембург: Путин воведе мерки на почетокот на епидемијата што потсетуваат на некои дамнешни времиња
Стравот од пандемија на коронавирусот се шири низ цела Европа. Тој, исто така, пристигна на далечниот исток на континентот, Русија, која исто така се бори против чудовиштето и се обидува да го спречи тоа и да најде лек. Но, многумина се изненадени кога земја соскоро 146 милиони жители има помалку заразени луѓе во земјата отколку во Луксембург, кој има околу 700 заразени и осум мртви.
Само грип
Се повикуваат на Анастасија Весилиева, лекарката на опозицискиот Руски политичар Алексеј Навални, која тврди дека може да има околу 20 000 заразени, но многумина се пријавени дека страдаат од грип или некои други респираторни инфекции и дека за некои од мртвите не е наведен коронавирусот како причина, туку некоја хронична болест од која страдале.
Секако, за Си-Ен-Ен, Мелита Вујнович од московскиот медицински штаб рече дека она што го кажала Василиева не е точно и дека, за жал, бројот на заразени лица во Русија расте многу брзо од ден на ден.
Според официјалните податоци обезбедени од државната агенција РИА Новости, за недела, 22 март 2020 година, во Русија биле заразени 367 лица (зголемување во однос на саботата, 21 март, имало 61 новозаразен), 16 луѓе оздравеле, а околу 52.000 биле во карантин или самоизолација додека досега биле тестирани над 156.000 луѓе. Но, кои би биле причините зошто Русија, во споредба со многу помали европски земји, сè уште нема голем број на болни или мртви. Една од причините е секако дека Русија е една од најмалку населените земји, 8,57 лица на квадратен километар. Покрај тоа, Русија успешно се бореше со вирусот додека тој беснееше во Кина, со затоа што во азискиот дел на Русиј е уште помал бројот на жители.
Ретко населено
Помалку од 30% од целата популација живее во скоро 80% од територијата. Во Русија вирусотне пристигна од Кина односно не се прошири, туку беше „увезен“ од Европа, поточно Италија, во најгусто населениот дел и во најголемиот град Москва - над 12 милиони жители и најмалку три до четири милиони дневни посетители.
Имено, кога вирусот се појави во Кина, Русија многу брзо ја затвори границата со Кина, го ограничи влезот на Кинезите и ги испрати своите граѓани кои доаѓаа од Кина во Сибир во карантин. Покрај тоа, тие многу брзо го прекинаа железничкиот и наскоро воздушниот сообраќај со Кина. Така, се чинеше дека Русија успешно го потиснува коронавирусот да премине на нејзината територија. Во тоа време, само во Москва биле пријавени два случаи - Кинез и Русин, кои биле изолирани, а и двајцата денес се излекувани, јавуваат руските медиуми.
Но, од друга страна, Русија не била толку ефикасна кога станува збор за пристигнување на вируси од Европа, имено Италија и Шпанија, кои се меѓу најпопуларните туристички дестинации на Русите во Европа, и оваа зима. Додека заразата започна да се зголемува во Италија на крајот на февруари, Русија, како нејзина најоддалечена дестинација, „доцнеше“ добри 10 или повеќе дена зад остатокот на Европа, за разлика од Луксембург, кој веќе беше на удар уште од првите денови на избувнување на епидемијата во Италија.
Таму, првиот случај е забележан некаде на почетокот на март, прво во Москва, потоа во Санкт Петербург, а потоа и во други региони на Русија, од Калининград до региони долж Црното Море, а сега во централниот (претежно аграрен) европски дел на Русија. Но, сега се појави страв дека болеста се шири многу брзо.
Русите полека почнаа да воведуваат драстични мерки. Меѓу последните во Европа ги забранија спортските натпревари, прво ја ограничија публиката на пет илјади, потоа играа без публика, а сега сите натпревари се откажани.
На родителите им требало да одлучат што да прават со своите деца
Рестораните и кафулињата сè уште не се затворени целосно, а само кон крајот на минатата недела се прекинати часовите во училиштата и колеџите. Дотогаш, родителите требаше да одлучат дали да ги испраќаат своите деца на училиште. Но, сите улични настани и фестивали се забранети, а наскоро концерти и кина, како и политички собири. Сите што доаѓаат од Кина, Иран, Јужна Кореја и Европа, особено од Италија, Велика Британија и Франција, ќе бидат ставени во карантин, а туристичките агенции ќе ги откажат своите патувања. Поточно, ова беше забрането прво затоа што анти-Путин опозицијата се обиде да организира протести против новите уставни измени што му овозможуваат на Путин да владее дури по истекување на четвртиот претседателски мандат.