Најголемиот фосил на морски змеј пронајден во Англија: Долг е 10 метри, а черепот му тежи еден тон
Првите фосили на ихтиосаурусите, наречени морски змејови поради нивните многу големи заби и очи, беа откриени на почетокот на 19 век од палеонтологот Мери Енинг.
Ихтиосаурот, стар околу 180 милиони години, со скелет долг околу 10 метри и череп тежок околу еден тон, е најголемиот и најкомплетниот фосил од тој вид што некогаш бил пронајден во Велика Британија. Го пронашол Џо Дејвис од Лестер и Рутланд Вилдлајф Труст за време на рутинско одводнување на островот во февруари 2021 година.
Морски змеј
Првите фосили на ихтиосаурусите, наречени морски змејови поради нивните многу големи заби и очи, беа откриени на почетокот на 19 век од палеонтологот Мери Енинг, пишува Гардијан.
„Досега во Британија се пронајдени бројни фосили од ихтиосаурус, но ова е најголемиот скелет откриен во Обединетото Кралство. Тоа е откритие без преседан, едно од најголемите во историјата на британската палеонтологија“, изјави палеонтологот Дин Ломакс.
Огромни морски рептили
Ихтиосаурусите биле морски рептили кои првпат се појавиле на Земјата пред околу 250 милиони години. Тие изумреле пред 90 милиони години. Тие биле со различни големини, долги меѓу 1 и 25 метри, а обликот на телото им наликувал на делфините.
„Ретко е наша одговорност да носиме толку важен, тежок, но и многу кревок фосил. Тоа е одговорност, но јас сакам предизвици. Тоа беше многу сложена операција“, изјави палеонтолошкиот конзерватор Најџел Ларкин.