Најголемите машки комплекси: СЕДУМ СЕ НА БРОЈ
Се разбира, мажите не се исклучок и тие се оптоваруваат со скоро слични работи како жените.
Подолу се прикажани најголемите машки комплекси, па проверете си што од ова е ваш коплекс, а го скривате
Години
И додека во своите тинејџерски денови да освојат една девојка, сакаат да лажат дека се најмалку пет години постари отколку што се, ситуацијата почнува да се менува со текот на годините и четириесеттите полека, но сигурно се претвораат во триесетти години.
Висина
Еден од најголемите машки комплекси е токму висината. Мажите со понизок раст често пати се чувствуваат несигурни со убавиците во вртоглави потпетици.
Финансиска состојба
Автомобилите и парите се сон за скоро секој човек. Денес, кога физичкиот изглед е неразумно попривлечен од вистинската внатрешна убавина, тешко е да се остане внимателен. Ова е токму причината зошто мажите се чувствуваат помоќни ако во моментот спомнат колку се финансиски добро стоечки.
Козметика
Иако козметиката е женска област, сè повеќе мажи откриваат привлечност со мазна и светкава и миризлива кожа. Иако нема да го откријат тоа, повеќето мажи со задоволство ќе пробаат производи за нега на лице, тело и коса.
Килограми
Жените би „убиле“ ако ги прашате за нивните килограми, но ситуацијата е слична и со мажите. Студиите покажаа дека 60 проценти од мажите ќе изгубат, а 40 проценти ќе додадат килограми, во зависност од комплексот на тенкост или дебелина.
Сексуална активност
Сексуалната моќ е многу моќно оружје, особено за време на машките разговори. Во приказните скоро секогаш има и по некоја лага. Секако дека мажот би рекол дека имал завиден сексуален живот, наместо искрено да признае дека имал „суша“ веќе половина година.
Големина на неговиот „пријател“
Оваа област навистина не треба да се објасни затоа што уште од памтивек, големината на гениталниот орган е доказ за машкост. Иако големината не гарантира квалитет, што може да го потврдат голем број жени, ние нема да навлегуваме во детали затоа што што и да е кажано, мажите ќе го аргументираат спротивното.