Најгрдиот стадион на светот: Сакаа нешто моќно, на крајот...
Стадионот Мабато во Мафикенг, Јужна Африка, без сомнение го зазема првото место на списокот со најгрди стадиони во светот. Израелска компанија која го изгради стадионот во 1981 година, реши да експериментира со дизајнот и на крајот направи вистинско „архитектонско чудовиште“.
Овој стадион има свој „брат близнак“ во градот Мабопане, каде стариот стадион Оди, поранешниот дом на Мамелоди, кој е затворен од 2005 година и сега е покриен со плевел, е скривалиште на опасните криминалци и скитници
Двата стадиони се дизајнирани да соберат 60.000 навивачи.
Сепак, дизајнот е нешто невообичаено. Впечаток е како некое дете да реди лего коцки, или како да се наредени огромни соларни панели околу фудбалското игралиште.
Откако беа изградени модерни стадиони за Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, двете архитектонски чудовишта беа исфрлени од употреба за фудбал. Оди е затворен, а денес Мабато се користи за организирање големи политички митинзи или како полигон за обука.
Погледнете како изгледа стадионот денес