Најмодифицираниот човек на планетата го претстави својот нов додаток

Французинот Ентони Лофредо, попознат како 'The Black Alien Project', сподели фотографии од неговата последна екстремна модификација, направена во продолжение на неговото патување да стане најизменетата личност во историјата...

Триесет и тригодишниот Лофредо го претстави својот последен обид да се трансформира во вонземsko суштество, појавувајќи се во објавата на познатиот модификатор на телото по име Миктлан Мазатл и внесувајќи увид во пирсот со големина од дваесет милиметри поставен веднаш под неговата долна усна.

Мазатл во описот на објавата напиша: 

„За мене е чест да работам со најдобриот модификатор на телото во моментов во светот и да создадам накит за еден од најекстремните ликови во светот на модификациите на телото“.

И иако Лофредо останува прилично таинствен за неговата нова процедура, тој изгледа многу задоволен од резултатот, објавувајќи краток клип од процесот на моделирање накит, додека тврди дека неговата трансформација е завршена 37%.

Како што може да се забележи од неговиот изглед, Лофредо помина низ бројни шокантни хируршки зафати во последниве години за да ја постигне својата цел, вклучително и отсекување на носот и горната усна, расцепување на јазикот, боење на кожата во црна, вметнување поткожни импланти во челото и покривајќи го целото тело,  вклучително и очното јаболко со сложени тетоважи.

Но, тоа не е сè, бидејќи неговата посветеност го натера неодамна дури и да отпатува во Мексико за да ги отстрани двата прста од левата рака, но и покрај неговата желба да се претвори во многу силен вонземјанин, цената на сите негови операции е со цени од земјата.

За време на настанот во живо кој се емитуваше на платформата Инстаграм, Ентони потврди дека откако си го отсекол носот и ја извадил горната усна, долго време имал големи потешкотии со говорот, но и дека привремено бил заслепен откако ги истетовирал своите белки со црно мастило.