Најскапиот лек на планетата: Чини повеќе од два милиони долари!
Научната медицина прави неверојатни откритија секојдневно, а најновото од нив е лекот кој ветува дека ќе ги измени ефектите од спиналната мускулна атрофија = наследно неуромускуларно заболување кое доведува до прогресивен губиток на мускулните функции.
Одобрен е од Светската здравствена организација пред неколку дена, новиот лек за генетска терапија е прв од овој вид на компанијата Новартис, а воедно е и најскап на светот. Се вика Zolgensma овој лек чини 2.125 милиони долари, односно 425.000 долари годишно. Него компанијата Новартис го купила по цела од 8.7 милијарди долари минатата година, а од него очекува енормна заработувачка кога ќе дојде време за тоа.
Оваа генетска терапија ќе биде наменета за лечење на деца под 2 години со споменатото заболување, а се смета за уште едно неверојатно откритие во трансформациската моќ на генската и клеточната терапија во лекувањето. Познатата финансиска група, Jefferies, предвидува дека продажбата на овој лек ќе достигне цифра од 2.6 милијарди долари.