Најубавите жени на светот кои го гледаа Новак во живо: Две беа во неговата ложа против Рафа и Роџер
Од Адријана Лима, Селма Хајек, Миранда Кер, Кејт Аптон, до британските принцези Кејт Мидлтон и Меган Маркл ...
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ успешно го започна Австралија опен, а играта од првото коло и триумфот над Шарди им влеа верба на неговите фанови дека може да стигне до 9-та титула во Мелбурн. Во воторот коло го победи и Тијафо.
Тоа е можност за многумина да го бодрат Новак во живо од трибините на Род Лејвер Арена.
Познато е дека многумина од светскиот џет-сет сакаат и тенис, како и место на трибините за некои од најубавите жени во светот кои со внимание го следат тенисот.
Актерки, пејачки, спортистки, модели ... има широк спектар на убавици кои ги гледале натпреварите на Новак во живо за време на неговата кариера што трае повеќе од 15 години.
Во бројните финалиња на најголемите турнири што ги играше, го бодреа некои од најубавите жени во светот, а некои од нив беа и во неговата ложа.
Ова беше случај во 2019 година, кога Адријана Лима беше во ложата на Ѓоковиќ за време на финалето на УС Опен 2019 против Рафаел Надал, а првиот ваков случај беше виден во финалето на УС Опен против Федерер во 2007 година, кога беше бодрен од еден од нај убави колешки од тениското игралиште- Марија Шарапова.
Финалето на Ролан Гарос донесе и интересна сцена, затоа што од трибините го бодреше една од најубавите актерки во светот, Хилари Свонк, која тогаш беше во друштво на сегашниот министер за финансии на Србија, Синиша Мали .
Папараците вредно демнат на неговите натпревари за да забележат познати личности, па не е исклучено до крајот на турнирот во Мелбурн, галеријата да биде зголемена со нови имиња.
(Телеграф.рс)
Погледнете ја галеријата со сите убавици кои навиваа во живо за Новак Ѓоковиќ за време на големите натпревари: