Највисоката температира на земјата е измерена деновиве: Научниците ја измерија „жешката точка“!
Во американскиот парк на американската долина на смртта, кој се наоѓа во Калифорнија, беше измерена највисоката температура досега земјата,
Дури 54,4 Целзиусови степени.
Таа температура ја потврди и Американската метеоролошка служба, пренесува Би-Би-Си.
Во претходните денови, а особено минатиот викенд, топлотниот бран го погоди американскиот западен брег, а високите температури, исто така, придонесоа за прекинување на струјата во некои делови, затоа што електроцентралите не функционираа како што треба.
Претходно, највисоката температура беше 54 степени и беше измерена и во Death Valley во 2013 година, откако беше одбиена температура од 56,6 степени затоа што се верува дека температурниот сензор не измерил добро.
Како што се наведува, температурите се очекува да започнат да паѓаат од наредната недела..
Додадено е дека покрај прекинот на електрична енергија, високата топлина може да доведе до топење на асфалтот, присилно спуштање на авионите и запалување на внатрешноста на возилото и може негативно да влијае на земјоделските производи.