Највисоката жена во Бразил покажа дека љубовта нема висина - вака изгледа нејзиниот брак со маж кој не е ни до нејзината брада - ВИДЕО-

Љубовта не бира висина - доказ за тоа се Бразилката Елизане да Круз Силва и нејзиниот сопруг Франсиналдо да Силва Карваљо...

Таа е висока 206 см, додека тој е висок само 163 см, а нивната врска со години ја интригира јавноста. Елизане е родена со состојба наречена гигантизам, предизвикана од тумор на хипофизата кој произведува вишок хормон за раст. Иако нејзината мајка е висока само 163 см, а нејзиниот татко е висок 170 см, Елизане продолжила да расте сè додека не станала највисоката жена во Бразил.

Се запознале на работа во градот Салинополис и веќе две години подоцна решиле да се венчаат. „Да, се заљубив. И таа! Таа е прекрасна личност. Висока, но убава, со убаво лице“, рече Франсиналдо.

View this post on Instagram

A post shared by Elisane da Cruz Silva (@elisanyoficial)



Двојката поминала низ тежок период по спонтаниот абортус, но подоцна добила дете. „Многумина остануваат заедно поради децата. Заедно сме затоа што се сакаме и семејството што го градиме“, истакнува Елизане.

Сепак, животот не им беше лесен - коментарите и осудите од околината ги следеа на секој чекор. „Кога излегуваме, гледаме луѓе како се кикотат и се смешкаат. Дури и кога не кажуваат ништо, може да се види дека нè осудуваат. На почетокот многу страдав и паднав во депресија. Денес веќе не обрнувам внимание“, вели таа.

На социјалните мрежи, каде што редовно објавуваат заеднички слики, луѓето ги поддржуваат: „Јас сум девојка висока 186 см, а моето момче е високо 170 см. Луѓето нè гледаат чудно, но не ни е гајле - се сакаме.“

„Таа е прекрасна жена. Луѓето можат да бидат ужасно груби и глупави. Но, може да се види дека навистина се сакаат, и тоа е сè што е важно.“

Иако разликата во висина ги прави необичен пар, нивната приказна покажува дека љубовта и меѓусебното почитување носат многу поголема тежина од кој било сантиметар.