Ушгули e село во Грузија кое се наоѓа на 2191 метри надморска височина.
До селото се доаѓа со автомобил, а само вистинските авантуристи седнуваат на велосипед за да го посетат Ушгули.
Тоа се состои од четири помали села, а тоа се – Жибијани, Чивибијани, Чажаши и Муркмели. Во него се практикува стариот грузиски, традиционален начин на живот.
Во Ушгули живеат околу 200 жители. Имаат училиште, бидејќи децата не можат да патуваат во некои други училишта.
Освен училиштето во селото се наоѓа и капела стара околу 1000 години, а дел од објектот е и под заштита на Унеско. Најкарактеристични објекти се фотификациони кули.