Забава // Занимливости
Намерно се заразуваат со коронавирусот? Меѓусебно сакаат да ја шират инфекцијата за да станат имуни на вирусот
Тимот на Ред Бул Формула 1 ја разгледувашеможноста за намерно инфицирање со коронавирусот на нивните возачи, за да бидат имуни на болеста за време на сезоната во Гран При, но идејата не беше прифатена.
„Ова е дискутирано во мал круг и не е позитивно прифатено“, рече шефот на тимот Хелмут Марко, кој е убеден дека тој самиот веќе бил во контакт со вирусот.
Тој рече дека имал сериозна настинка во февруари со коронавирус симптоми.
Тој наведува дека се разговараше за т.н. „корона камп“ за возачи, во кои тие би биле намерно заразени.
„Идејата беше да организираме камп каде ќе поминуваме сите заедно. Сите овие се млади, силни луѓе. Доколку се појави инфекција, тие би биле подготвени за подоцнежниот дел од Светскиот куп во Формула 1“, изјави Марко за австриската државна телевизија ОРФ.