Наместо стан, купете си викендица: Еве за колку се продаваат во Македонија
Луѓето од големите градови ширум светот се повеќе се селат на периферија или на места далеку од бучавата и загадениот воздух. Обично бираат локации кое се инфраструктурно поврзани, нудат спокој, интимност, слобода... Некои ги купуваат за живеење, а некои едноставно за одмор.
Во Македонија веќе неколку години се забележува скок на продажбата на викендици во селата, покрај езерата, во планините, приградските населби. Причините кај секој се различни, но факт е дека и многу вакви објекти се продаваат. Интересно е тоа што се релативно евтини, скоро поевтини отколку еден просечен стан било каде во земјава.
На сајтовите за недвижнини има многу такви огласи со викедици распространети низ целата земја, а некои го одземаат здивот.
Издвоивме неколку кои се со солидна цена и изгледаат убаво:
Викендица на езеро Козјак
Викендицата има 24 м2, со две соби и погледот и е на езерото Козјак. Цената изнесува 9.010 евра.Викендица во Кучково
Има вкупна површина од 811 м2, се наоѓа во с. Кучково и цената и е 25.000 евра.
Викендица на Кожув
Викендица која се наоѓа на место викано Круша на Кожуф планина на 1200 м.н.в. во срцето на планината. Цена 18.000 евра
Викендица во Прилеп
Поседува 190м2 и оддалечена е 2 километри од градот. Цена: 20.000 евра
Викендица во Горна Белица, Струга
На надморска височина од 1400 метри. Цена: 13.000 евра
Извор и фото: Пазар 3, Реклама 5
Извор за главна фотографија: Freepik