Нападнат рускиот амбасадор во Полска: Отишол да положи венец, па бил пресретнат - Обезбедувањето не реагирало (ВИДЕО)

Амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андреев, беше нападнат додека полагаше цвеќе на спомен-гробиштата на советските војници. Дипломатот беше погоден со црвена боја. На социјалните мрежи се појави видео од нападот.

Револтираните Полјаци и Украинци го чекаа Андреев, неговата сопруга и група дипломати во Варшава, им го попречија патот извикувајќи навредливи пароли, по што ги обоија во црвено. Во близина имало неколку тепачки, јавува Известија Русија.

Забележано е дека жртвите на нападот успеале да поминат низ толпата до автомобилот и да заминат само во придружба на полицијата.

На Денот на победата, руската дипломатска мисија планираше да ја организира годишната акција „Бесмртен полк“ и да положи венци на меморијалните гробишта на советските војници, а соодветно писмо беше испратено до Градското собрание на Варшава.


Во меѓувреме, руската амбасада беше информирана дека полското Министерство за надворешни работи не и препорача на дипломатската мисија да одржи церемонија на полагање венци, како и на „Бесмртен полк“.


Фото и Видео: Твитер