Направија луксузна куќа од силос за пченка, кој го издаваат за гости: Погледнете како изгледа ова чудо од ентериер

Николас и Амбер претвориле стар силос за пченка во луксузен дом што го издаваат под кирија и заработуваат пристојни пари „дополнително“.

Дизајнерката Сара Лебнер смисли начин да претвори стар силос за пченка во луксузен дом за Амебр и Николас. Овој пар имал силна желба да создаде нешто неверојатно на својот имот, па затоа користеле стар силос за да изградат совршена куќа за одмор за своето семејство.

Кога не се во него, тие уживаат да го изнајмуваат на други луѓе и на тој начин заработуваат малку дополнителни пари покрај тоа.


Овој извонреден дом се наоѓа на фарма од 1.600 хектари која е во семејниот имот веќе пет генерации. За Амбер и Николас, силосот е повеќе од луксузен пансион. Тој е и начин за диверзификација на фармата во предизвикувачки времиња и дом од соништата за пензионери за иднината.

Силосот не е обична куќа, туку е невидено луксузен дом кој зрачи со минимализам и совршено се вклопува во околината.

Гледано од далеку, оваа куќа изгледа како вселенски брод со гаража која крие сложен низ соларни панели, дневна соба на отворено и џакузи со греење на дрва.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Stil.kurir.rs