НАСА ИСПИШУВА ИСТОРИЈА НА МАРС: Потег каков човештвото досега не видело
Мал хеликоптер наречен Ingenuity, кој пристигна на Марс склопен во Rover Perseverance, треба да полета на 11 април, објави НАСА.
„Марс хеликоптерот се подготвува да направи нешто што никогаш порано не е направено - контролиран лет на друга планета“, објави НАСА.
Фотографиите направени од хеликоптерот и други податоци ќе пристигнат на земјата следниот ден, на 12 април.
Come fly with us. #MarsHelicopter is preparing to do something that's never been done: controlled, powered flight on another planet. Takeoff is now slated for no earlier than April 11, with data arriving on Earth on April 12. https://t.co/TNCdXWcKWE pic.twitter.com/JSep5lcKhR
— NASA JPL (@NASAJPL) April 1, 2021
Малиот хеликоптер, тежок 1,8 килограми, веќе го испрати својот прв извештај до контролниот центар во Пасадена, Калифорнија, по слегувањето на „Perseverance“.
„Ingenuity“ треба да полета од платформа со димензии 10 на 10 метри. Во текот на летото, треба да достигне висина од околу три метри, да остане на едно место околу триесет секунди, да се сврти и да се врати на земјата.
Се напојува со литиумски батерии
Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии и може да проба уште неколку летови околу еден месец, пркосејќи им на екстремните услови на Марс - температури од минус 90 степени Целзиусови, мала гравитација и тенка атмосфера.
Foto: Printscreen/Youtube/NasaLab