Наследството на директната продажба: Борба против невработеноста и овозможување претприемништво
Често нарекувана и „социјална продажба“ зашто воспоставува директна релација помеѓу дистрибутерот и клиентот, директната продажба е концепт со кој клиентите имаат можност да набавуваат производи директно од добавувачот, без учество на трета страна-трговец.
Преку директна продажба, деловно ориентирани лица се здружуваат за да продаваат реномирани производи.
Секој работи самостојно, но е поврзан со компанијата што ги произведува и дистрибуира производите што тој ги избрал да ги продава. Овие продавачи го имаат луксузот да го работат бизнисот под свои услови, да создаваат цврста релација со своите клиенти и да бидат сам свој шеф. Тие често го развиваат новиот бизнис преку препораки и, се разбира, поддржани од угледот на компанијата. Некои директни продавачи се толку успешни што преземаат други членови во тимот за да им помогнат подобро да ги услужуваат своите клиенти. Уникатниот бизнис модел на директна продажба е сè попопуларен во целиот свет.
Историјата и еволуцијата на директната продажба
Иако можеби изгледа како релативно нов концепт, директната продажба е стара речиси колку и самата цивилизација! Ловците-собирачи вршеле директна размена со купувачите и така ги продавале своите работи – немало трета страна-трговец. Во денешно време, основната премиса на директната продажба, малопродажба од човек на човек, останува иста, но не се случува размена. Продавачите развиваат релација со купувачот за да го продадат својот производ избегнувајќи трети страни и добиваат повисоки, поимпресивни маржи. Минималните трошоци за започнување директна продажба ги привлекуваат претприемачите, ветуваат создавање работни места и имаат потенцијал да им го подобрат животот на многу луѓе.
Трговците разменувале стоки во 17 век, а продавачите оделе од врата на врата кон крајот на 18 век. Оттогаш, директната продажба постојано се развива заедно со технологијата, а особено со интернетот. Денес, директните продавачи може да ја искористат моќта на веб-страниците и социјалните медиуми за да ги поттикнат клиентите да ги купуваат нивните производи, што не е различно од продажба преку препораки. Повеќето современи директни продавачи користат платформи на социјални медиуми за да развијат мрежа на следачи и да ги поттикнуваат постојните клиенти да објавуваат прегледи и препораки со цел зголемување на продажбата и достигнување нови пазари.
Примери на директна продажба во Јужна Африка
Концептот директна продажба е во пораст на глобално ниво - во Европа, Америка, Азија, но и во Африка. Според Асоцијацијата за директна продажба на Јужна Африка, вредноста на пазарот на директна продажба на африканскиот континент во 2018 година се зголеми на 16,3 милијарди јужноафрикански ранди. Ова најверојатно се должи на фактот дека директната продажба нуди можност за „меко слетување“ за оние што сакаат да започнат сопствен бизнис.
Повеќе од 90% од сите нови компании пропаѓаат во првите 2 години од отворањето. Од друга страна, бизнисите со директна продажба се поддржани со истражувачки, рекламни и промотивни програми, со што на претприемачите им се обезбедуваат поголема поддршка и поцврсти темели.
Не е ни чудо тогаш што во 2017 година во Јужна Африка околу 1,3 милиони луѓе остварија приход од индустријата на директна продажба.
И покрај тоа што бизнис моделот на директна продажба се смета за можност што ја претпочитаат жени-претприемачи, неодамнешните статистички податоци покажуваат дека сè повеќе мажи се интересираат за директна продажба како избор на кариера.
Можноста за надополнување на приходите преку светски познат бренд како што е Herbalife Nutrition им помага на луѓето да преземат контрола над својата иднина повеќе од 40 години и тоа ќе продолжи и во наредните години. Преку успешна директна продажба, сè повеќе луѓе ќе може да ги надополнуваат своите приходи или да почнат бизнис, а за возврат ќе се создаваат дополнителни можности за вработување - нешто што им е потребно на многу земји, особено на оние што се борат со кризата на невработеност.
Директната продажба е возбудлива индустрија што постојано се развива и, што е важно, им одговара на потребите на потрошувачите што постојано се менуваат. Што носи иднината не може да се предвиди, но нема сомнение дека придобивка ќе имаат тие што ќе ги искористат трендовите на потрошувачите и ќе профитираат од иновациите на технологијата.
---------------------------------------------
За Herbalife Nutrition
Herbalife Nutrition е глобална компанија што од 1980 година им го менува животот на луѓето со одлични нутриционистички производи и докажана деловна можност за своите независни дистрибутери. Компанијата нуди висококвалитетни производи поткрепени со наука што се продаваат во преку 90 земји од страна на претприемачи-дистрибутери кои обезбедуваат индивидуализирана обука и поддршка од заедница што ги инспирира клиентите да почнат да водат поздрав, поактивен начин на живот. Преку глобалната кампања на компанијата за искоренување на гладот, Herbalife Nutrition е посветена да им обезбедува исхрана и едукација на заедници во целиот свет.
*ПР објава