Насмевка: По потерата, полицајците се фотографирале со бегалецот

Четворица американски полицајци беа остро критикувани затоа што позирале со осомничениот откако успешно го достигнале во обид да избега ...

Ерик Бојкин беше уапсен во Мисисипи минатиот четврток, за наводен грабеж на банка и бегство од местото на настанот. Неговото апсење следеше по долгата потера во која беа вклучени бројни полициски агенции, па дури и ФБИ. Тој на крајот беше пронајден во шумска област во близина на банката, според локалните медиуми. По апсењето, четворица полицајци кои учествувале создадоа фотографија заедно со осомничениот и нивните кучиња трагачи, која стана вирална.

Во кадарот може да се види Бојкин, без маица, насмеан кон фотографот, додека двајцата полицајци покрај него исто така изгледаат среќни. Сепак, фотографијата, прва објавена од куќата WLBT, предизвика голем број негативни реакции на социјалните мрежи, чии корисници ја обвинија полицијата за дехуманизација на осомничениот и ја споредија фотографијата со оние во кои ловците позираат покрај својот плен. Имаше и конотација за третман кон Афроамериканците и други негативни работи што можеме само да ги замислиме, но сепак сметаме дека на осомничениот му е многу драго што сè е готово и дека не мора повеќе да бега.

Детективот во полициската станица во Прентис, Ричард Браунинг, изјави за Дејли Меил дека полицајците вклучени во создавањето на фотографијата не биле дел од неговиот оддел, и дека ја осудуваат фотографијата. Како што тој изјави за медиумите: „Јас дури и не знаев за оваа фотографија се додека новинарите не започнаа да ме натрупуваат со прашања. Ова е многу непријатна ситуација и морам да признаам дека се согласувам со сите што велат дека е невкусна“.

Четирите полицајци сè уште не се идентификувани, и покрај фактот што новинарите веќе се обиделе да ги најдат во сите овие агенции. Бојкин е обвинет за вооружен грабеж и поседување огнено оружје, а тој веќе им е познат на органите на прогонот на државата.


Извор:LadBible