Научниците го претворија коронавирусот во интересна мелодија: Откриваат нешто што може да помогне да се најде лек

Во морето на вести за коронавирусот, една многу интересна е од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ). Тоа е местото каде што професорот и музичар Маркус Буелер реши да покаже дека коронавирусот не е толку страшен како што изгледа на фотографии и преку визуелизација.

Професорот Буелер го стави на зголемувач протеинот SARS-CoV-2што го прави овој вид на коронавирус толку заразен. Тој и неговите колеги се обидоа со помош на вештачка интелигенција да ги откријат вибрационите способности на протеините преку молекуларен звучен спектар. Резултатот е интересна песна што Буелер ја објави на Интернет, но и откритие што може да биде клучено во запирањето на вирусот.

Како што објасни во интервјуто за MIT News, протеините се основни компоненти на нашите клетки, органи и тело. „Преведувајќи ги“ овие протеини во звук, им овозможува полесно на научниците да ги проучуваат и толкуваат овие протеини.

- Нашите мозоци се создадени за да процесираат звук. Нашите уши бележат височина, длабочина, мелодија, ритам и акорди во секое време. Ќе ни треба многу силен микроскоп за да ги видиме сите овие нијанси на сликата што инаку не можеме да ги видиме сите одеднаш. Затоа, звукот е елегантен начин за пристап до информации содржани во протеин- објасни професорот.

Тој додаде дека употребата на вештачка интелигенција овозможи употреба на молекуларни вибрации и нервни мрежи, кои потоа создадоа нова музичка форма.


Зборувајќи за „ SARS-CoV-2музиката“, тој објасни дека со создавање мелодија откриле интересна шема.

- Неговите протеини содржат три синџири на протеини кои се вклопуваат во интересна шема. Овие структури се премногу мали за да бидат видени од око, но може да се слушнат. Ја покажавме физичката структура на протеините, со сите замотани синџири, како комплицирана мелодија што создава повеќеслоен состав. Крајниот резултат е парче од ноти. Како и во симфонијата, музичката шема одразува интересна геометрија на протеинот со материјализација на неговиот ДНК-код, објасни проф.Буелер.

Тој додаде дека овој вирус има невообичаена способност да го измами и искористи својот домаќин да се размножува што е можно повеќе. Неговиот геном „киднапира“ машини за производство на протеини во клетките домаќини и ги принудува да произведат нови вируси.

Кога ја слушате оваа песна, можеби ќе бидете изненадени од нејзиниот пријатен, дури и релаксирачки тон. Но, тоа е трик, исто како што вирусот го изневерува нашето тело. Тоа е всушност скриен непријател, рече професорот.

Долгорочно, преведувањето протеини во звук им овозможува на научниците дополнителна алатка за разбирање и дизајнирање на протеини. Со сонификација, научниците можат да го споредат вирусот САРС-КоВ-2 со веќе познати вируси како САРС или МЕРС.

- Во музиката што ја создадовме, ја анализиравме вибрационата структура на протеинот што го зафаќа домаќинот. Разбирањето на овие вибрациони модели е клучно за дизајнот на лекови и многу повеќе. Вибрациите можат да се променат со температурата и тие можат да ни кажат зошто САРС-КоВ-2 гравитира кон човечките клетки повеќе од другите вируси, објаснува проф. Буелер кој додава дека тие исто така би можеле да го искористат овој музички пристап кон создавање лек, затоа што може да бараат нов протеин што ја има истата мелодија и ритам како антителата, што би го спречило вирусот да го инфицира домаќинот.

Дали овој вид музички пристап ќе резултира со измислување лек или вакцина за коронавирус, е тешко да се каже во моментов. Но, това сигурно не може да одмогне.