Научниците утврдија поделба на ДВА ОСНОВНИ ТИПОВИ на машки полов орган: за некои ова ќе биде екстремно утешно...
Научниците утврдиле дека мажите можат да се поделат во две категории кога станува збор за големината на нивниот пенис; тоа се оние кои имаат голем примерок кога се во опуштена состојба и оние кои се помалку впечатливи без ерекција, но стануваат значително поголеми за време на ерекцијата.
Шпанските истражувачи сега создадоа научна дефиниција која им помага на мажите да разберат на која група припаѓаат - оние чија гордост се зголемува за повеќе од 56 проценти за време на ерекцијата спаѓаат во групата на „растечки“ пениси, додека „опаѓачките“ пениси им припаѓаат на сите оние кои во возбудената состојба се зголемува за 31 отсто или помалку.
Просечниот машки пенис расте за 42 проценти кога преминува од опуштена, природна состојба во ерекција, а повеќето мажи спаѓаат во сивата зона помеѓу двете категории споменати погоре.
Статистиката вели дека 24 отсто од мажите имаат „растечки“, а 25 отсто од мажите „смалувачки“ пениси. Останатите 51 процент не можат да се класифицираат во ниту една од тие две категории, пишува „Дејли мејл“.
Истражувањето ќе биде претставено на Конгресот на Европската асоцијација на уролози во Милано, Италија, а водачот на студијата д-р Алонсо Иса истакна дека во него учествувале 225 мажи. Просечната големина на пенисот во студијата во опуштена состојба била 10,6 см, а при ерекција била 14,4 см.