НАУЧНИЦИTE ВО ШОК: Месечината започна да кородира
Месечината 'рѓосува, а научниците
веројатно биле збунети од тој заклучок како и вие. Имено,
'рѓата на Месечината не треба да биде можна бидејќи таму нема кислород, што е
една од двете работи што ја предизвикувааткорозијата.
Другото е вода.
Но, постојат докази за тоа. Индиското лунарно летало „Чандрајан-1“ кружеше околу Месечината во
2008 година и собра податоци што до денес придонеле за многу откритија,
вклучувајќи го и постоењето на молекули на вода на нејзината површина. Сондата исто така беше опремена со инструмент произведен од НАСА со
цел да се анализира минералниот состав на Месечината.
Истражувачите и научниците од НАСА
од Хавајскиот институт за геофизика и планетарни науки неодамна анализирале
уште некои податоци и се изненадиле кога откриле траги од хематит, форма на
железен оксид или 'рѓа, тврдат извори за „Си-Ен-Ен“. На
Месечината има многу карпи богати со железо, но 'рѓа се формира само кога
железото е изложено на кислород и вода.
Можеби ќе ве интересира:
Еве зошто волкот завива на полна месечинаВОНЗЕМЈАНИ на МЕСЕЧИНАТА???