Научно е докажано дека овие ФОТОГРАФИИ можат секому да му го разубават денот: Неодоливи бебиња животни

Научно е докажано дека овие ФОТОГРАФИИ можат секому да му го разубават денот: Неодоливи бебиња животни

Има научно објаснување за човечката реакција на бебиња животни.

Бебињата животни се повеќе од слатки и мили - тие се еволутивни чуда кои се потпираат на нивниот симпатичен изглед за да преживеат.

Кога гледаме возрасен лав, се плашиме, но кога гледаме лавче, инстинктивно сакаме да го галиме или да се грижиме за него. Зошто? 

Излегува дека има научно објаснување за човечката реакција на бебиња животни.

Австрискиот етолог и зоолог Конрад Лоренц беше првиот кој во 1943 година рече дека сите бебиња - без разлика дали се луѓе или не - споделуваат специфични особини кои се универзално неодоливи. Овие карактеристики вклучуваат голема глава, мало тело, мал нос и уста, заоблени образи и високо чело.

Лоренц го нарече овој шаблон „бебешка шема“. Научниците веруваат дека овие особини, без разлика дали се кај бебиња од човек или од животни, ја предизвикуваат истата инстинктивна реакција кај луѓето.


„Нашите доенчиња и мали деца – како и кај повеќето видови – имаат одредени специфични особини“, изјави за Би-Би-Си Дејвид Бараш, професор по психологија на Универзитетот во Вашингтон кој го проучува однесувањето на луѓето и животните.

Но, не предизвикува реакција само изгледот на бебето. Луѓето реагираат и на однесувањето и на човечките бебињата и на бебињата животни. На пример, несмасното одење на слончето нè потсетува на несмасноста на која сведочиме кај нашите малечки и ја предизвикува истата реакција.

Истражувањата покажуваат дека наклонетоста кон доенчињата почнува да се формира во нашата психа кога имаме само три години, а подоцна е засилена со општествените норми кои велат дека мора да се грижиме за нашите деца.


Научниците веруваат дека нашиот инстинкт да се грижиме за бебињата веројатно бил еволутивна адаптација бидејќи „секоја предиспозиција да бидеме особено добронамерни кон суштествата што ја исполнуваат „бебешката шема“ ја фаворизирала природната селекција“.

И нашата желба физички да допираме или држиме бебиња е исто така мотивирана од овој стимул што предизвикува биолошки одговор во нашиот мозок, без разлика дали држиме мало маче или само гледаме фотографии од бебиња животни.

„Знаеме дека [кога гледаме младо животно или дете] има навистина брз излив на активност во орбитофронталниот кортекс, делот од мозокот вклучен во наградата“, објаснува Елоиз Старк, која ги проучува интеракциите родител-дете во одделот за психијатрија на Универзитетот во Оксфорд.

Фотографии од бебиња животни погледнете ОВДЕ.


Фото: Фејсбук/unsplash

Видео: Фејсбук