Навали војско, порција по НАТО стандарди за само 5 евра! Кој ќе спреми 1,2 милиони војнички оброци за 6 милиони евра?

Македонската војска ќе се храни за 5 евра оброк и при тоа ќе добие супа, главно јадење со салата и десерт. На цената може да позавидиме затоа што во ресторан таа понуда за тие пари е мислена именка. Но математиката е друга кога се сервисираат 1,26 милиони оброци во една година. А за да се постигне тоа и да се задоволат бараните стандарди треба знаење, умеење и логистика. Очигледно е дека „Далма Фоод“ во острата конкуренција на кетеринг гиганти дала понуда што не се одбиваЗатоа што понудила листа на која има дури 36 вида на главно јадење, 12 вида салати, 9 различни супи и и исто толку десерти!

Министерството за одбрана ќе плати 6 милиони евра за 1,26 милиони оброци односно ручеци за потребите на војската и на вработени во Министерството за одбрана. Тендерот го доби познатата фирма за кетеринг „Далма Фоод и кетеринг сервис“ која во конкуренција на три компании од оваа дејност дала најдобра понуда која ги задоволува НАТО стандардите за прехрана на нашата армија.

Цлиот текст можете да го прочитате на ФАКТОР