Не е бела- ќе се изненадите: Еве која боја на облека е најдобро да се носи на силно сонце и топлина

Прашање кое многумина ги интересира: дали е подобро да се носи бела облека за време на пеколните горештини отколку црна? Одговорот на ова прашање го дале научниците, а објаснувањето се крие во интересните наоди и традиции на бедуините, номадски овчари на Арапскиот Полуостров и Северна Африка.

Бедуините, познати по преминувањето низ жешките пустини, носат црна и бела облека, но познато е дека најчесто преферираат црни „фустани“. Излегува дека бојата на облеката не е пресудна за одржување на удобна телесна температура. Клучна улога има ткаенината од која е направена облеката и нејзиниот крој.

Во 1980 година, научното списание Nature објави статија со наслов: „Зошто бедуините носат црни фустани во жешките пустини?“. Во тој напис, научниците истражувале која боја на облека најмногу одговара за најжешките денови. Црната облека, како што се испостави, апсорбира топлина побрзо од белата облека, но оваа топлина не допира до кожата во иста мера како кај белата облека. Имено, дополнителната топлина која ја апсорбира црната наметка се губи пред да стигне до кожата.

Совети за облекување за време на жештината

Најважно е облеката да не се прилепува за телото. Бојата на облеката не е толку важна колку што е нејзината дишливост и удобност. Облеката треба да биде доволно лесна за да овозможи воздухот слободно да циркулира помеѓу ткаенината и кожата. Бедуините, на пример, носат лелеави наметки- фустани кои ја овозможуваат потребната вентилација.

Во арапските земји, вообичаен начин за справување со жештината вклучува консумирање топли пијалаци и храна. Топлата храна предизвикува благо зголемување на телесната температура, што го поттикнува телото дополнително да се лади преку потење.

Значи, без разлика на бојата на облеката, најважен фактор за време на жештината е облеката да дише и да биде удобна. Следењето на овие совети може значително да помогне во борбата против високите температури. Според научни извори како што се The Guardian и Science Focus, правилната облека и внесувањето топли пијалоци може да му помогнат на телото подобро да се справи со екстремната топлина.