Не е важно колку пати падна – важно е колку пати ќе станеш

Во свет полн со предизвици и притисоци, лесно е да се изгубиме во секојдневието и да ја заборавиме суштината – дека секој нов ден е нова можност. Не за совршенство, туку за раст, за учење и за мал напредок.
Маж или жена, млад или зрел – секој од нас се соочува со свои битки. Но токму тие битки нè обликуваат, нè тераат да откриеме колку сила се крие во нас. Понекогаш тоа е одлуката да станеш еден час порано и да трчаш. Понекогаш тоа е храброста да кажеш „не“ на нешто што не ти носи мир. А некогаш тоа е само едноставниот избор да продолжиш понатаму, иако ти е тешко.
Запомни:
* големината не се мери со тоа колку пати си паднал, туку со тоа колку пати си станал.
*Не споредувај се со другите – спореди се со себе од вчера.
*Ако денес си подобар барем за еден чекор – ти веќе победуваш.
Животот не е трка со другите, туку патување кон најдобрата верзија на себеси.
РММ/ИС