Не го сакам воопшто: Татко шокира со своето призание - Се грижам за син ми затоа што чувствувам должност
Тој воопшто не ужива во времето што го поминува со детето
Еден татко неодамна започна вистинска лавина реакции и коментари кога во својот анонимен пост на блог напиша дека „поради пандемијата, тој не го видел својот син шест месеци, но дека сè уште не му недостасува момчето“. Британецот го опиша својот брутално искрен пост со зборовите „Зошто не го сакам сопствениот син“, а исто така пишува дека тој е „ одлично мало дете“, но никогаш не го заинтересирал.
Затоа, како што и самиот пишува, не му недостасувало момчето цело тоа време, иако за прв пат биле разделени толку долго. Исповедта на таткото беше објавена на порталот за родители „Medium.com“ и не требаше многу да се предизвикаат бројни реакции и коментари од другите родители. Таткото, исто така напишал дека мора да сподели со некого како се чувствува затоа што тоа го мачело веќе подолго време, а е свесен, вели тој, дека не треба да биде така и дека тоа не е нормално.
- Јас навистина не знам зошто не чувствувам љубов кон него, особено затоа што тој не е лошо дете. Тој е паметен, добар и љубезен - пишува таткото за неговиот син. Но, без оглед на доблестите на момчето, тој вели дека неговиот син никогаш не го интересирал.
- Обично се гледаме секој викенд, но тоа го правам само затоа што чувствувам должност кон него - стои во објавата, а ова, вели овој татко, му е особено јасно бидејќи не го видел детето поради пандемијата. За време на тие шест месеци, добив фотографии и видеа од синот од мојата поранешна партнерка и мајка на детето, но тој дури и не ги погледнал.
- Не ме сфаќајте погрешно, јас добро се грижам за него, тој има се‘ што му треба, го носам надвор и играм со него, правиме сè заедно и може да се каже дека е среќно дете. Но, ми пречи што правам сè од чувството дека морам - напиша таткото и додаде дека тој воопшто не ужива во времето што го поминува со детето. Сепак, напуштањето на него не било опција заради две причини, пишува тој.
Првата е дека тој самиот пораснал без татко кој ги оставил него и неговата мајка и не сака неговиот син да расте така, а второто е стравот да не биде осуден од останатото семејство.
- Јас навистина не сакам да бидам еден од тие „татковци“, но тешко ми е да игнорирам како се чувствувам - пишува човекот. А така е, вели тој, од првиот ден.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Син ми почина од алкохол! Не знам како да се справам со болката: Очаен татко бара совет!