Син ми почина од алкохол! Не знам како да се справам со болката: Очаен татко бара совет!
Еден татко побара
совет во рубриката„Драго Деидра“,
која се објавува во порталот „The Sun“
„Зависноста од алкохол го уби мојот син. Мојот помлад син, внукot и јас сме скршени.
Имаше само 40 години кога почина. Почна да пие како тинејџер, на забави, со пријатели. Кога видовме дека овој „ѓавол“ навлезе во него, се обидовме да му помогнеме. Тој беше на лечење неколку пати.
Неговата сопруга исто така го остави и го зеде детето. Како што остана сам, тој почна да пие уште повеќе. Тој не ме слушаше, иако секој ден се обидував да разговарам со него.
И тогаш еден ден не одговори на телефон. Наскоро ми се јавија од брзата помош да ми кажат дека го пронашле мртов, некаде на улица ...
Очаен сум. Имам 63 години и како да немам повеќе сила да продолжам да живеам. Мојот помлад син (37) и внук (16) се обидуваат да ми дадат сила, но нема полоша судбина за родителот отколку кога ќе го надживее своето дете.
Не знам како да се справам со оваа болка ... “, искрен е овој очаен човек.
Деидра одговори:
"Ја разбирам вашата болка. Оставете солзите да течат, тогаш ќе ви биде полесно. Барем имате на кого да се потпрете. Вашите најблиски се уште се со вас. Ако чувствувате дека не можете да ја надминете тагата, побарајте помош од психолог".
Како би го советувале вие овој очаен татко?
Фото:Shutterstock
Можеби ќе ве интересира:
„Сине“ на тато: Мажите кои имаат ќерки живеат подолго?