„Не ми треба бакшиш, ми дадовте шанса за одмазда“: Келнер откри како ги казнува арогантните клиенти, а кога ќе слушнете што прави, ќе ви се згади
Келнерот Дилан
Карино од Тексас откри како ги казнува арогантните и безобразни клиенти кои
доаѓаат во неговиот ресторан.
Келнерот Дилан Карино од Тексас објави видео во кое откри како им се одмаздува на грубите и арогантни муштерии. Тој објасни дека некои гости често ги игнорираат правилата и, на пример, седат на валкана маса наместо да чекаат хостесата да ги одведе на слободна маса.
Дилан објасни дека во тој случај обично ги остава гостите да седат на валкани маси околу 20 минути додека не прашаат зошто никој не ги послужил. Потоа се преправал дека не знаел дека чекаат затоа што се опкружени со валкани чинии.
„Никој не ве послужи? Има валкани чинии, за што зборувате? Веќе јадевте?" тој ги прашувал, а кога гостите ќе му одговориле дека не се, тој им одговарал: „Чекајте, сами си седнавте и никого не прашавте дали е слободна масата? Така не функционираат рестораните, станете, треба да разговараме со хостесата, чекањето е 30 минути.“
Дилан, исто така, објаснува дека внесувањето сопствени пијалаци во ресторанот е прилично лошо однесување на клиентите, кое го казнува со тоа што менито за појадок наеднаш необјасниво ќе биде недостапно.
„Ох, цел ден копнеевте за палачинки? Само што останавме без тесто. Појадокот заврши пред шест минути. Не, не правиме повеќе. Сакате да ги убедам дека треба да ви направат појадок, а свесни сте дека не треба да внесувате пијалак однадвор “, објаснува тој.
@dylanpcarlino As a waitress #comedy #server #restaurant #serverlife original sound - Dylan
Келнерот нагласи дека верува оти во коментарите ќе има и такви кои ќе кажат дека не би му дале бакшиш - и додаде дека не му е грижа.
„Кога се однесувам вака, претпоставувам дека нема да добијам ни бакшиш. Чувајте ги вашите шест долари, не ми требаат. Ми дадовте нешто многу повредно од парите. Ми дадовте шанса за одмазда", заклучи тој во видеото.
Фото и Видео: ТикТок